Куќата е секогаш весела кога има новороденче во неа. Обично секој што доаѓа во посета сака да си поигра и да го подржи новороденчето. Но, важно е да се знае, без разлика дали се родителите, братчето или сестричката, баби и дедовци или пријатели кои дошле на посета, пред да го земат бебето мораат да ги измијат рацете.
Хигиената се учи уште од мали нозе, но за жал има луѓе кои едноставно забораваат да ги измијат рацете веднаш штом ќе влезат во нивниот дом или кога одат да посетат некого. Затоа, бесрамно укажете им на луѓето кои доаѓаат во вашиот дом и сакаат да го видат, а особено да го подржат новороденчето, да ги измијат рацете, затоа што бебето има многу чувствителна кожа.
Миењето раце со сапун и млака вода и нивното целосно сушење треба да ви постане секојдневна навика.
Како правилно се држи новороденчето?
Едно малечко бебе, кое е штотуку родено навистина делува многу кревко и нежно, па од таа причина дури и родителите понекогаш се плашат да го земат во раце, за случајно да не го повредат.
Многу брзо, подигнувањето и држењето на вашето бебе ќе ви стане рутина, потребно е само да совладате неколку правила.
Подигнување на детето
Ставете ја едната рака под новороденчето, поткрепете го целото, од грбот до нозете со целата дланка. Другата рака ставете ја под главата и вратот и со двете раце држете го. Важно е да не правите ништо нагло што би можелело да го уплаши новороденчето.
Неколку совети за држење на новороденчето:
- Вообичаена положба е кога главата на бебето лежи на свиокот на лактот, а дланката на другата рака го поддржува целиот грб.
- Држењето на новороденчето на стомак за бебето претставува многу удобна позиција, обично бебињата ја обожаваат оваа позиција. Лицето со брадата на бебето треба да е поставено на подлактицата.
- Доколку сакате вашето дете да го држите исправено, треба да ја потпрете главата на бебето на вашето рамо и да ги поткрепите задникот и долниот дел на грбот со другата дланка. Најдобро е да го држите бебето за да може да гледа над вашето рамо, секако доколку веќе не е новороденче.
- Доколку сакате вашето дете да биде во исправена положба со лицето напред, тоа се постигнува со потпирање на телото на бебето на грб и држење со раката над стомакот. Другата рака треба да ви поминува меѓу нозете и со дланката треба да го опфатите задникот на бебето. Оваа положба е добра за будни бебиња, бидејќи тие така можат безбедно да ја набљудуваат околината.