Бебе

Постојат две фази на спиење во првата година на новороденчето

Многу често се случува да го гледаме нашето мало додека спие, па често се прашуваме зошто се грчи и дали е тоа нормално?

Постојат две фази на спиење во првата година на детето кои се наизменични. Постои фаза на мирен сон што е доста слична на длабокиот сон кај возрасен и активен дел од спиењето наречен примитивен сон.

Во фазата на мирен сон, малото дете спие потполно мирно без да мрда ниту еден дел од телото, срцето му работи во постојан ритам, дишењето е рамномерно и мирно, а метаболизмот се забавува.

Додека во фазата на активен дел од спиењето, детето е немирно. Ова значи дека мозочната активност е побрза, очите брзо се движат под очните капаци, а телото се грчи во кратки мали грчеви обично на рацете и нозете.

Детето често може да направи гримаси на лицето, а понекогаш и да се смее во сон. Очите може понекогаш да му бидат полуотворени. Оваа фаза на спиење е многу богата со соништа во кои детето оживува спомени од мириси или први искуства од околината и надворешниот свет.

Тагови

Поврзани вести