Бебе

Широк повој кај новороденчиња

Ултрасонографијата на колкот е позната како безбеден и ефикасен метод за дијагностицирање на развојно нарушување на колкот кај бебињата.

Методот е едноставен и може да се повтори без страв од штетни последици.

Раното дијагностицирање на развојна дисплазија на колкот има посебна вредност во првите месеци од животот. Со навремено лекување, нарушувањата се корегираат без последици.
Со соодветна опрема, ортопедски специјалист прави клинички преглед, при кој се прават тестови на т.н. флексибилност на колкот, а потоа се прави и ултразвук на колк.
Ова софистицирано испитување ја покажува состојбата на ‘рскавичните делови на зглобот на колкот. Исто така постои посебна програма која му овозможува на дијагностичарот да ги измери важните агли и соодветно да ги класифицира фазите на развојното нарушување на колкот.

Препораката за широк повој навистина може да помогне во првите недели од животот на бебето за нестабилноста на колковите, односно широкиот повој се користи додека физиолошки не се зајакнат зглобовите.

Широкиот повој во минатото рутински се препорачувал за новороденчињата.

Денес, мислењата околу широкиот повој се поделени на две мислења, од препораки за практикување на широк повој до негативен став за тоа.

Овој начин на повој, овозможува позиција во која бедрената коска (фемур) е посоодветно артикулирана со чашката (ацетабулум).

Добро е да се знае дека широкиот повој е целосно безбеден за вашето дете.

Обично широкиот повој се практикува во првите шест недели од животот на бебето, потоа потребно е да се направи контролен ултразвук. Со тек на времето, созревањето на коските напредува и тоа се гледа на ултразвук.

Во случаи на делумна или целосна дислокација на колкот, широкијот повој навистина помага. Препорака: обезбедете го физиолошкиот развој на колковите кај детето пред да почнете да користите ортопески помала.

Тагови

Поврзани вести