На главата на бебето наидуваме на потенки или подебели слоеви лушпести бело-жолтеникави масни наслаги.
Бело-жолтеникави наслаги на главата се формираат како резултат на зголемено лачење и работа на лојните жлезди и обично се прицврстен за темето на бебето.
За да се ослободите од бело-жолтеникавите наслаги на главата на бебето колку е можно побрзо и да спречите нивно понатамошно појавување, најдобро е да ја миете главата на бебето секој ден со шампони предвидени за таа цел.
Исто така, бело-жолтеникавите наслаги на главата може да ги намалите со мачкање на бебешко масло на главата на бебето неколку часа пред вечерната бања.
Доколку на главата на детето се забележува оток, може да ставите бебешко масло на скалпот. потоа мека памучна капа за маслото да може подобро да делува.
При следно капење на бебето, скалпот на главата може да го измиете со четка која има свилени и нежни влакна за подетално чистење.
Доколку бело-жолтеникави наслаги на главата се во подебел слој, тогаш ќе треба да ја повторувате горенаведената постапка неколку пати. Но, може да го прашате и вашиот педијатар за тоа кој е најдобар лек за отстранување на бело-жолтеникави наслаги, бидејќи постојат и креми во аптеките кои со својата формула постигнуваат одличен ефект.