Бебе

Корисни совети за перење на бебешката облека

Животот на еден нов родител може да биде многу возбудлив. Дневниот распоред на бебето исто како и ноќниот е доста интересен. Од хранење, спиење, постојано менување пелени, па се до натрупување на бесконечна количина на алишта, гази, пелени, крпи, боди, пижами….

Дали вашата рутина за перење е добра за кожата на вашето бебе?

Додека ја перете облеката на бебето треба да посветите внимание на неколку работи.

Бебешката облека, без разлика дали оди директно на кожата на бебето или не, секогаш мора да се испере пред да се носи.

Исто така, ќебињата, плишаните играчки, крпи, гази, марамчиња.. треба да се исплавени пред да бидат во контакт со бебето.

Бебињата, особено новороденчињата имаат многу чувствителна кожа, па затоа треба да ја исперете нивната облека пред да им ја облечете.

Ако вашето бебе има алергии, егзема или едноставно сте загрижени дека обичниот детергент може да создаде проблеми на кожата на вашето бебе, користете детергент наменет за перење на детска облека и побарајте антипигментен сапун без мирис.

Кој детергент треба да се користи за перење на детска облека?

Течните детергенти полесно се исплакнуваат отколку оние во прав, па затоа е подобар кога станува збор за чувствителна кожа кај бебињата. Не е препорачливо да се користат омекнувачи.

Платнените пелени треба да се перат одвоено од остатокот облека, затоа што обичните детергенти може да предизвикаат пеленски осип. Откако ќе ја истурите содржината од пелената во тоалетот, исплакнете ја со ладна вода , а потоа потопете ги во детергент наменет за бебешка облека и исперете ги два пати со топла вода.

Совет!
Содржината на детергентите е отровна. Затоа, чувајте ги децата подалеку од дофат на детергенти

Тагови

Поврзани вести