Моментите на блискост и поврзаност помеѓу родителите и бебето се менуваат секојдневно за време на најважниот релаксирачки ритуал во денот – капењето.
Со цел да се обезбеди сигурна грижа и заштита на чувствителната детска коса, и да се направи што е можно попријатно капењето за децата, најдобро е родителите да изберат шампон на природна база, во практично пакување со пумпа за полесно нанесување на шампон врз кожата на главата на децата.
Косата и скалпот на бебето се исклучително чувствителни и честото капење може да ги исуши. Затоа секогаш треба да купувате шампон, по можност препорачан од дерматолози и педијатри, кој содржи богата формула.
Камилицата, како состојка во шампонот или купката за бебето, многу нежно ја чисти косата на бебето, го смирува скалпот и не предизвикува иритација на очите.
Како што веќе напоменавме погоре, најдобро е да се избере шампон или купка за деца со пумпица која ќе го олесни процесот и ќе придонесе да миењето на косата претставува вистинско задоволство за родителите и бебето.
Исто така шампонот и купката за деца не треба да содржат парабени, алкохоли, сапуни или вештачка боја.
Шампоните на природна база, особено со камилица, се исклучително нежни за очите на бебето, што е многу важно за да можете темелно да ја измиете косата на бебето и да го капете без плачење.
Уживањето во капењето уште на мала воздраст е предуслов за добра хигиена која децата ќе ја следат додека растат.