Бебе

Икањето не е штетно за бебињата

Родителите често се испаничени кога бебето ќе почне да ика, но доколку икањето не му претставува проблем на бебето, нема потреба од никаква загриженост.

Имено, оваа појава е нормална кај новороденчињата. Добро е да знаете дека икањето почнува уште додека бебето е во стомакот.

Причината за икањето кај фетусите сеуште не е позната, но се верува дека сето тоа е поврзано со развојот на белите дробови на бебето.

Икањето кај новороденчињата е предизвикано од иритирана дијафрагма кога бебето пребрзо јаде или пие.

Врвни педијатри појаснуваат дека икањето не е штетно за бебето и нема потреба да се запира. Тоа најчесто трае од 10 – 15 минути, а во ретки случаи може да трае и до два часа.

За да го спречите икањето кај бебето, потребно е да го забавите хранењето на бебето. После хранењето треба бебето да се подигне за да може да подригне.

Консултација со лекар е потребна само доколку икањето трае со денови и предизвикува нервоза кај бебето. Честите икања може да бидат симптом на гастроезофагеален рефлуксен проблем (GER) кој настанува кога киселината во желудникот и делумно сварената храна се враќаат низ хранопроводот.

Повеќето бебиња го надминуваат GER помеѓу 9 и 12 месеци, но доколку вашето бебе често повраќа, одбива да јаде, плаче и го врти грбот додека јаде, треба да побарате консултација од педијатар.

Тагови

Поврзани вести