Бебето не сака да спие во креветче од причина што тоа прво треба да се навикне на него. На сите ни се случило понекогаш да не можеме да заспиеме во кревет кој не е наш, без разлика дали сме кај роднина, во хотел или кај пријатели.
Исто така, мора да признаете дека одењето во кревет на зима не е многу пријатно. Затоа најчесто се покриваме и склопчуваме. Кај бебињата е така секоја вечер, без разлика кое годишно време е, дали зима или лето. Бебињата се навикнати на топлината на мајчиното тело, односно на 36.5 степени, а ниту еден кревет не е толку топол.
Креветчињата за бебињата имаат уште еден недостаток, а тоа дека тие не се движат. Бебињата се навикнати да се лулаат додека заспијат, па статичното креветче како нова промена едноставно не е прифатлива за нив, и им треба време за да може да се навикнат.
Нема да верувате, но бебињата не сакаат да бидат слободни и оставени сами на себе. Додека се во стомакот на мајката тие се стиснати како малечки кифлички, каде што се чувствуваат удобно и спокојно, па затоа и кога ќе излезат надвор имаат потреба од истото.
Друго нешто што не им се допаѓа на бебињата е тишината. Ние ја сакаме тишината и таа не смирува, но спортивно од нас, таа ги вознемирува бебињата. Тие се навикнати да го слушаат откчукување на срцето, работата на цревата како и шуштењето на крвта на нивната мајка, и тоа доста гласно, па затоа подоцнежната тишина им пречи.
Иако има многу причини поради кои децата не сакаат да спијат во нивните креветчиња, сепак тоа е нивно место за спиење. Затоа треба да им се даде време и да им се помогне да се прилагодат на спиењето во нивното креветче.