Бебе

Ефикасни чаеви за доенчиња

Доенчето во првите шест месеци треба да прима само мајчино млеко. Тоа има различен вид метаболизам и неговите органи брзо се развиваат. Преку мајчиното млеко, бебето добива доволно течност за да ја задоволи жедта и доволно хранливи материи за да расте и да се развива.

Бебето може да има проблем со апсорпција на потребните витамини и хранливи материи, а чајот има посебен ефект врз намалениот внес на железо што му е потребен на детето.
Дополнителна течност треба да му се дава на детето со почетокот на дохраната, по можност после јадење. Кога детето се запознава со нови течности, најмногу се препорачува вода проследена со благи чаеви.

И покрај дохраната ако детето продолжи да цица, вкупната количина на течност треба да биде околу 200 милилитри на ден. Само неколку лажички чај ќе бидат доволни. Чајот што ќе му го давате на вашето дете не треба да  биде како за возрасни луѓе.

Чајот кај новороденчињата не треба да се дава на дневна основа, сосема доволно е да се дава повремено, кога детето има проблеми со грчеви.

Чај од камилица
Половина лажичка камилица
2 dcl зовриена, топла вода

Прво зовријте ја водата па додадете ја камилицата.
Покријте го садот и оставете го да отстои десет минути па потоа исцедете го.

Чајот од камилица најчесто се користи за грчеви во стомакот и е безбеден за бебињата.

Чај од анасон
1 лажичка семе од анасон
2 dcl зовриена, топла вода

Исцедете го семето, потопете го со вода и оставете го да отстои пет минути. Процедете го и давајте му на детето во текот на денот.

Чајот од анасон е погоден за дигестивните проблеми.

Вода против грчеви

Покрај чајот од анасон, може да се користат и капки против грчеви. Тие содржат екстракти од растенија како камилица, анасон, со цел да се подобри варењето на храната.

Доколку имате било какви прашања во врска со давање на чај на вашето бебе, најдобро е да се консултирате со вашиот педијатар. Посебно внимание треба да се посвети на инстант чаевите кои може да содржат значителни количини на шекер.

Тагови

Поврзани вести