Непослушноста на децата во најмногу случаи се поврзува со погрешниот пристап на родителот за решавање на новонастанатите проблеми. Почнувајќи од нивниот пристап па се до методите за правилно одгледување.
Многу е важно да се научи важноста и точноста на навремено реагирање за да не се повтори лошото однесување. Родителите честопати прават голема грешка тука и избираат казна наместо последици како едукативен метод. Токму преку разликата на овие два начина може јасно да се види нивната ефикасност во решавањето на проблемот со непослушноста.
Постои голема разлика помеѓу казните и последиците. Казната во повеќето случаи води до спротивно од она што сакате да го постигнете. Во повеќето случаи, употребата на казна како едукативен метод предизвикува непослушност и непочитување.
Бидејќи децата се обично претходно програмирани да се бунат против казните, создавањето и користењето на логички последици во спречувањето на несаканите дејсвија и однесување се чини многу поефикасно. Секој може да каже дека е многу полесно да се повиши тон на детето со тоа што ќе му се заканувате дека ќе го заклучите во својата соба дури не наполни 30 години, но зарем не би било подобро до горенаведеното скоро никогаш и да не дојде?
Постепено дојдовме и до последиците како главен образовен метод во спречувањето на несаканите дејствија и однесувањето на детето. Овој метод овозможува да се изгради почит, што е поснова за појава на послушност.
Почитувањето мора да биде взаемно: родителот мора да ги почитува децата за децата да можат да го почитуваат родителот. Со употребата на казни, родителите изјавуваат непочитување кон своите деца, што секако подоцна сето тоа резултира со тоа да децата бидат нечесни и непослишни кон своите родители. Затоа е многу важен почетниот родителски пристап, кој мора да се заснова на почитување и врз основа на употреба на последици.
За да бидете сигурни дека користите логички последици отколку казнување, следете ги следните чекори:
- Побарајте од вашето дете да ви помогне во донесување на последица
- Ставете последица пред изборот
– Или / или избор
– Ако/тогаш селекција - Да се биде сигурен дека последицата е логично поврзана со недолично однесување
- Направете избори со кои можете да живеете
- Зборувајте со строг, но мирен глас
- Откако ќе ви се даде избор, потоа птименете ја последицата
- Очекувајте тестирање (може да се влоши пред да се подобри)
- Овозможете му на детето повторно да го проба истото однесување откако ќе доживее последица
Пример за примена на последица
- Да го прашате вашето дете да ви помогне околу донесувањето на последицата
Како што веќе напоменавме почитувањето е неопходна за да се создаде послушност. И, еден начин на кој можете да покажете почит кон вашето дете е да одлучите заедно, за последиците од вашето однесување. Најверојатно вашето дете ќе сака да комуницира со вас доколку го вклучите и него во процесот на донесување одлуки. Исто така, детето понекогаш ќе дојде со избор и решение за некој проблем за кој вие не би се сетиле.
Пр. 1
Симона, се уште ми пречи дека ги оставате своите работи низ целата куќа. Што мислите, што може да направиме за да го решиме овој проблем?
Дури и ако вашето дете нема идеи за решавање на проблемот или едноставно не сака да учествува, многу е важно да прашате. Поканата на вашето дете да учествува во донесувањето одлуки ја намалува можноста вашето дете да ве сфати како немилосрден диктатор и да се буни против вас. Ова се првите чекори во градењето на меѓусебно почитување.
Пр.2
Вака треба : Марија, или ќе ги наместиш твоите работи кога ќе се вратиш од училиште, или јас ќе ги спакувам во кутија и ќе ги однесам во подрум. Ти одлучи.
Вака не треба: Марија, намести ги твоите работи или во спротивно јас ќе ги ставам во кутија и ќе ги фрлаам во подрум.
Пр. 3
Петар често не ги завршува своите школски задачи, а сака да гледа телевизија.
Вака треба: Петре, кога ќе завршиш со пишење на домашната задача, можеш да гледаш телевизија.
Вака не треба: Петре ако ја завршиш домашната задача, ќе можеш да останеш буден пола саат покасно.
Овие методи можат да се користат во било кој вид на непожелно однесување на детето, вклучително и оние во ризик, како што е пушењето.