Воспитување

Зошто денешните деца не ги почитуваат родителите

Родителите велат дека децата денес немаат почит поради социјалните мрежи, достапноста до интернет, но лошото однесување на детето се крие во погрешниот пристап на родителот. Ова се 5 причини зошто денешните деца не ги почитуваат своите родители:

Покажуваме дека ние, родителите, сме совршени во секој поглед

Толку се трудиме во очите на нашите деца да изгледаме како идеални лица, што не ни забележуваме како тоа го комплицира нашиот однос со тинејџерот. Децата секој ден ги слушаат разговорите: „Јас на пример, во твои години…“, што во нивната глава создава застрашувачка слика: живеам во свет во кој сите наоколу само прават работи и никогаш не прават грешки“.

Детето ќе помисли дека е срам за семејството бидејќи постојано греши. Наместо овој пристап, родителот треба да каже: „И мене ми се случи слично, беше страшно, но јас тогаш го направив ова…“ Така детето може да види како родителот се извлекол без проблем и со самото тоа доаѓа до почит.

Постојани обвинувања

Родителите имаат обичај да кажат: „Мораш да ме послушаш, татко сум ти! Попаметен сум“. За несреќа, повеќето наши дијалози со тинејџерот се сведуваат на укажување на грешката, осудување на неговото однесување и изрекување укор. Нашите приговори и поучни говори предизвикуваат само отпор бидејќи повеќе личат на фалење отколку на искрена желба да помогнат. Дали таквата пофалена личност со самодоверба во нашиот возрасен свет заслужува почит од другите?

Непризнавање на нивниот ум и стручност

Дали ви е премногу тешко, драги мајки и татковци, да признаете дека вашето дете е поголем експерт од вас во некои работи? Можете ли да го повикате вашето потомство и да го прашате за совет: „Кажи ми, дали за ова прашање се разбираш повеќе од мене?“ За детето, ова признание е слично на триумф во животот. Конечно, го третираат како рамноправен, се почитува неговата личност. По оваа фраза се разгоруваат старите односи помеѓу вас, а на нивно место се раѓаат нови – рамноправни. Штом почнуваат да нè интересираат хобијата и вкусовите на нашите деца, веднаш почнува и тоа да се интересира за нашиот свет.

Непочитување на сопствените родители

Постои едно старо правило кое вели: „Како што ти се однесуваш кон своите родители, така и твоето дете ќе се однесува кон тебе!“ Едноставно.

Недоверба во детето

Од каде сила и мудрост да научите да му верувате на својот тинејџер? Како да верувате дека вашата ќерка ќе преноќи кај пријателка, а не во дискотека со сомнителни пријатели? Како да ја спречите сопствената рака да посегне по телефонот на детето и да му ги провери пораките? Довербата во детето е тешка, особено ако детето веќе е фатено во лага. Но, тоа едноставно е неопходно бидејќи е многу тешко да се почитува мајката што трча со двоглед по синот и му вика: „Не лажи ме! Знам дека тоа не е вистина!“

Драги родители, почитта никогаш не е само еднострана. Тоа е заеднички процес. Уште никој не успеал насила да го изнуди почитувањето од другиот. Затоа, ако сакате детето да ве почитува вас, научете и вие да го почитувате своето дете: да го прашувате за мислење, да не навлегувате премногу во неговите лични работи, да не дозволите да преовлада вашата загриженост, туку здравиот разум.

Тагови

Поврзани вести