Училишното ѕвонче по една година повторно заѕвони за сите ученици, денес 1 септември започна учебната година со отворени училишта за првачињата, основците и средношколците.
Компанијата ЛИОН веќе традиционално изминатите години со кампањата “Среќно прваче” ги поддржа првачињата за успешен и среќен старт на нивното образование со доделување на пакет со производи од нивниот бренд ЛЕОНА во неколку општини во државата како и во посебното основно училиште “Д-р Златан Сремец” во Скопје.
Настава со физичко присуство со полн капацитет и примена на соодветни протоколи препорача Главниот кризен штаб. Враќање на сите ученици во училишните клупи е прво од трите сценарија што пред два месеца ги подготви Министерството за образование и наука. Според МОН, тоа е и најпосакувано сценарио зашто е во интерес на учениците и е препорачано од УНИЦЕФ и ОЕЦД.
“И покрај карактеристичните услови и невообичаениот старт и на оваа учебна година ние не се откажуваме од традицијата да подариме пакет со производи за првачињата насловен “Среќно прваче” од нашиот бренд ЛЕОНА. Сметаме дека е ова убав чин со кој на децата кои првпат седнуваат на училишните клупи ќе им донесе повеќе радост и среќа, и секако поттик за успех во нивното понатамошно образование” велат од ЛИОН.
Екипата на moetodete.mk го посети основното училиште “Александар Македонски” во Аеродром и еве што забележа нашиот објектив: