Првото тромесечие од бременоста ќе го паметите целиот живот, бидејќи ова е период кога на ултразвук ќе може да го слушнете срцето на вашето бебе. Емоционално и понатаму може да бидете вознемирени, плачливи, спокојни, исплашени, радосни… со еден збор да имате променливо расположение.
На лекарски преглед ќе ви ја измерат големината на вашата матка, ќе го слушнат срцевиот ритам на фетусот, ќе направат тест на урина, ќе го измерат крвниот притисок и тежината.
Вашата матка во овој период е малку поголема од грејпфрут, а половината почнува полека даа се шири. До крајот на овој месец од бременоста, ќе можете да ја почувствувате матката во долниот дел на стомакот, на место веднаш над срамната коска.
Она што може да се почувствува кон крајот на првото тромесечие е гадење и повраќање, стомачни тегоби, замор, малку пообилен исцедок, промени во градите. Може да имате гадење за одредена храна, а желба за друга. Други можни симптоми се слабост и повремена вртоглавица, зголемен апетит, честа потреба за мокрење, надуеност, повремени главоболки како и истакнување на видливоста на вените.
Фетусот расте брзо, до крајот на првото тромесечие од бременоста би требало да тежи околу 42 грама и да биде долго до 6.5 сантиметри, од прилика големина на јаболко. Главата на фетусот е се уште не пропорционално голема и се наоѓа на вратот. Фетусот почнува да ги добива своите први влакна, очите почнуваат да се приближуваат едно до друго, додека ушите се повлекуваат на место каде што треба да бидат.
Фетусот во овој период почнува да личи на човечко суштество, почнува да му се развива сетилото за вкус, се создава рефлекс за цицање, рацете почнуваат да стануваат функционални.
Бидејќи надворешните гениталии се доволно развиени, во овој период можно е да се утрврди полот на детето.