Хипократ ги поделил луѓето според темпераментот на четири главни типа. Вашето дете може да има карактеристики кои припаѓаат на различни групи, но многу често ги покажува карактеристиките на еден специфичен тип на личност. Проверете на кој тип му припаѓа вашата наследничка или наследник.
Колерик – темпераментен
Овој тип е страстен, отворен, конкурентен, решителен, со силна волја и авантуриста. Децата што му припаѓаат на овој тип обично се многу строго насочени кон целта и знаат да бидат логичари и аналитичари, но понекогаш не се премногу дружељубиви.
Сангвистичен
Жив, разигран, имагинативен, зборлив и друштвен – таков е сангвистичниот тип. Децата што му припаѓаат на овој тип можат да бидат безгрижни, оптимисти, авантуристички настроени и обично не се плашат од ризик. Често им е досадно и тешко им е без забава.
Меланхоличен
Карактеристиките на овој тип се: длабокоумни, детални, полни со почит, уредни, внимателни и ја сакаат традицијата. Ова е многу дружељубив тип и сака да биде од помош. Малите маланхоличари не сакаат авантури или ризици.
Флегматичен
Карактеристиките што можат да опишат флегматичен тип се: внимателен, контролиран и дипломат. Детето од овој тип често треба да воспоставува блиски лични односи. Се работи за лојален тип, кој избегнува конфликти и ужива да им помага на другите.
Се претпоставува дека личноста ќе продолжи да се развива во неколку фази од животот, од детството до адолесценцијата. Сепак, според една неодамнешна студија, идентификувани се три типа личности кои се појавуваат доста рано во животот, дури и во предучилишна возраст, а „преживуваат“ во зрелоста. Покрај тоа, некои експерти шпекулираат дека овие различни типови на личност доведуваат до различни исходи во одредени области, како што се училиштето, социјализацијата, однесувањето и самодовербата. Еве за кои типови на детски личности станува збор:
Отпорно
Ова дете е екстровертно, совесно, добро „се справува“ со емоциите, самоуверено, лесно ги избегнува неволјите и позитивно е ориентирано кон другите.
Премногу контролирано
Ако припаѓа на овој тип личност, детето е срамежливо, самосвесно, перфекционист, непријатно му е околу непознати, не е премногу отворено за пробување нови работи, покажува знаци на ниска флексибилност и емоционална свест, тешко се поврзува со другите и е многу затворено при изразување на емоциите.
Под контрола
Малите членови на овој тип личност се непријатни, немаат самоконтрола, совесност, често се агресивни, тешко се контролираат и се емотивно небалансирани.
Кога ќе го научите сето ова, имајте на ум дека како што нема две исти деца, така ниту две техники на родителство не би требало да бидат исти. На прво место, важно е да се идентификуваат типовите на личностите на децата за да знаете што им треба за да напредуваат.
Понекогаш се чини дека темпераментите на родителите и нивните деца добро се вклопуваат. Во други случаи, тие се извор на бескрајни конфликти. Несомнено, би било голем предизвик за многу активно дете да живее со родители со релативно ниска енергија, во тесен стан. Сепак, важно е да се запамети дека децата не можат лесно да го променат својот темперамент. Затоа, разбирањето на аспектите на личноста на вашето дете кои се надвор од негова контрола може да ве доведе до поголемо разбирање и прифаќање на детето како што е.