Воспитување

Тригодишните деца практикуваат нови посложени граматички структури

Вокабуларот активно се збогатува во третата година на детето, па затоа во оваа година децата практикуваат нови посложени граматички структури.

Нормалниот развој на говорот имплицира дека едногодишно дете знае неколку зборови, двегодишно дете треба да совлада од 200 до 300 збора, додека тригодишниците користат од 1.500 до 2.000 зборови.

Од втората до шестата година, изговорот на гласовите станува разбирлив и јасен, вокабуларот се збогатува и говорот станува граматички точен.
Од две и пол до три години, детето подобро ги разбира расказите и бајките.

Од четири до шест години користат сложени продолжени реченици. Детето од предучилишна возраст успешно совладува говорна комуникација со околината , но секако развојот на говорот продолжува.

Вокабуларот активно се збогатува на оваа возраст на детето и тој придонесува до практикување на нови сложени граматички структури. Тоа значи дека детето има добра подготовка за на училиште.

Тагови

Поврзани вести