Дали сте размислувале за тоа колку еден едноставен предмет наречен топка е сеприсутен во нашиот живот? Најверојатно не сте размислувале за тоа, но топката е една од првите играчки што ги добиваме кога сме мали и таа е составен дел од спортот и рекреацијата..
Деца и топка
Откако детето ќе почне да покажува интерес за работите околу него, една од првите играчки што ги добива е топка. На почеток тоа е еден вид топка изработена од ткаенина која има можност да тропка или да произведува некаков звук за да биде интересна за детето.
Според некои истражувања е утврдено дека голема специјализирана топка им го олеснува процесот на проодување на децата, а воедно им дава чувство на сигурност како и тоа да се чувствува самостојно. Бидејќи топката не е остар предмет, нема страв од тоа дека на детето може да му се случи нешто лошо.
Детето може да падне неколку пати, но сето тоа е нормално и вообичаено кога учи да оди. Како што расти детето така растат и топките со кои си игра. Во одредена фаза од животот им е важно како изгледа топката и дали на неа има лик од нивниот омилен цртан филм, додека за некое време тие ќе сакаат топки кои се специјализирани за одредени спортови.
Професија и рекреација
Многу луѓе заработуваат за живот само со користење на топка од различен вид: ракометари, фудбалери, тенисери, одбојкари, ватерполисти и многу други. Најверојатно, се започнало со нивните игри и хоби од детството, додека со тек на време прераснало во професија.
Без разлика дали станува збор за пилатес, играње одбојка на плажа со пријателите или некој вид на фитнес, топката е една од главните компоненти. Речиси ниту еден час по физичко образование во основните и средните училишта не поминува без барем една топка да прелета во салата. Преку фудбалот, ракометот, па се до одбојката и многуте други спортови, токму поради топката се трча во сите правци, се поти и намерно или не се губи тежина.
Дека топката не е само средство за спорт и рекреација, покажува ситуацијата во која се поголем број луѓе имаат топки за вежбање во своите домови, наместо големи канцелариски столови. Докажано е дека луѓето чувствуваат помала болка во ‘рбетот и имаат правилно држење доколку користат голема топка наместо стол.
Исто така, големите топки се добри за бремените жени бидејќи ја намалуваат болката во карлицата и помагаат дури и при пораѓај. Жените кои седат на топка и вежбаат за време на бременоста, чувствуваат помал притисок и полесно поминуваат во бременоста. Топката им помага да ги релаксираат мускулите, но и да воспостават подобра рамнотежа. Имено, одредени бремени жени може да сметаат дека нивната рамнотежа не е добра како пред бременоста, па затоа се плашат да направат одредени работи, но со малку вежбање и една топка, стравот ќе исчезне.
Ова се само некои придобивки на топката, едноставен предмет кој сите го имаат во својот дом во различна големина и боја. Извадете ги топките од складиштето и користете ги за да си играте со семејството, без разлика дали тоа ќе биде на отворено или во вашиот топол дом.