Деца

Прв разговор со вашето дете

После третиот месец, бебињата започнуваат да го користат својот глас многу повеќе отколку само да плачат, а на возраст од четири месеци веќе прават звуци кога разговарате со нив.
Вашето дете може да изговара едноставни звуци како што се: “ку”, “гу”, “ка”, “да”, “ба”, “на”, “ма” и така натаму, а кога веќе ќе почне да ужива во звукот на неговиот глас, бебето ќе почне да експериментира со произведување на ниски и високи тонови, немојте да сте зачудени ако слушнете и некој необичен шепот, бебето само пробува некој нов звук.

Одвојте малку време и седнете да го слушате вашето дете. Ова може да го правите секој пат кога играте, за време на капење или кога менувате пелени. Може ќе треба да почекате додека бебето го пронајде гласот, затоа бидите трпеливи, може бебето се обидува нешто да ви каже.
Повторете го звукот на детето за да го охрабрите да продолжи да ви “зборува”. Одговор може да дадете и со едноставно гледање на детето во очи, како и со насмевка и климање со главата додека тоа зборува. Така покажувате дека навистина слушате – тоа е почеток на разговорот.

Секогаш кога вашето дете ќе почне да ви “зборува”, обидете се да одговорите со нешто како “О, така ли е”? Веројатно додека разговарате со бебето користите нежен тон на гласот – оваа природна реакција покажува дека нежниот тон го охрабрува новороденчето да зборува и да го учи јазикот.
Намалете ја бучавата во позадина и посветете го целото внимание кон бебето, бидејќи тие не се особено вешти во одвојувањето на звуците.

Можете да потпевнувате песни заедно со вашето бебе. За брзо ќе забележите како бебето ви се придружува со своите гласови. Застанете и слушајте, кога ќе заврши пофалете го и повторете ги неговите гласови за да го охрабрите бебето повторно да “пее”. Ако вашето дете испушти продолжена “аааах”, кратко покријте ја устата на бебето со вашата дланка и тргнете ја за да го слушне како се менува звукот – оваа игра ќе му се допадне откако ќе го фати ритамот.

Позитивни ефекти : Охрабрувајте го детето да го користи својот глас

Колку повеќе позитивно реагирате на звуците што ги произведува вашето бебе, толку повеќе ќе го користи својот глас. Така го вежбаат говорот кој е управуван од осумдесет мускули – на бебето му треба околу една година за да добие целосна контрола врз звукот. До пет месеци, повеќето бебиња имаат контрола над нивниот говор, што допринесува тие да можат да произведат звуци слични на говор (иако повеќето бебиња не изговараат целосен збор до од прилика една година).

Помага во развојот на говорот

Одговарање на “говорот” на бебето е клучен за неговиот говорен развој. Повторувајќи ги звуците и покажувајќи како го слушате тоа што има да ви каже, ќе го научите новороденчето на основите на разговорот и ќе му покажете како може да го користи својот глас за комуникација. Ова позитивно влијае на развојот на идниот говор и може да го охрабри детето да прозборува порано.

 

 

Тагови

Поврзани вести