Кога доаѓа нов член во фамилијата се се менува. Има многу ситуации каде што поголемото дете не го прифаќа бебето прв поглед.
Овој негативен прв впечаток може да трае со денови или недели. Поголемото дете ниту од љубопитност нема да му приоѓа на бебето, а уште помалку да оствари контакт со него. Во овие моменти мајките најчесто се чувствуваат несреќно и збунето.
Екстремната нетолеранција може да дојде до израз во првите неколку дена, кога поширокото семејство се собира околу новороденчето и поголемиот дел од вниманието е насочено кон бебето а не кон поголемото дете.
Во тие моменти прифатете го однесувањето на вашето поголемо дете и насочето го да го запознае бебето, едноставно да се зголеми интересот да го запознае. Овој процес може да трае многу долго во очите на мајката, но важно е да знаете дека порано или подоцна поголемото дете ќе се навикне на новиот член и ќе го прифати како дел од семејството.
Најдобар начин двете деца да бидат заедно е кога ќе го вклучите поголемото дете, секако во согласност со неговата возраст, во дневната рутина што ја правите со вашето бебе. Организирајте заедничка попладневна дремка каде што сите ќе спиете во ист кревет. Заедно пејте песнички, играјте, хранете го бебето заедно, заедно одете на прошетка. Сето ова ќе му помогне на поголемото дете, кое до тогаш било во центарот на вниманието, полека да ја прифати новата рутина во животот.
Без оглед на тоа колку време е потребно поголемото дете да се зближи со бебето, не се препорачува да се остави малото бебе на поголемото дете без надзор на родителите, бидејќи без оглед на братска или сестринска љубов, секогаш може да се појават недоразбирања и солзи.