ДецаСовети

предизвиците на 2-годишното дете

2-годишната возраст е возраст која носи големи предизвици како за детето така и за родителот.

Многу е познато дека дете од 2годишна возраст не може да пее песна од 3 строфи, но треба да има барем неколку зборови кои може да ги изговори. Овој период во развојот на детето е време кога се развиваат когнитивни, социјални, комуникациски вештини како и моториката. Да се потсетиме на некои од нив:

Когнитивни достигнувања
– Имитира однесување
– Изразува зголемена меморија
– Гради блок кули
– Следи команди ( едно или две последователни)
– Почнува да ги препознава облиците и боите

Социјални и емоционални достигнувања
– Покажува одредена независност
– Ги тестира вашите одговори ( доколку кажете не го прави тоа, ќе сака да провери што ќе се случи ако го направи тоа нешто )
– Претпочита одредени луѓе и играчки
– Почнува да си игра со другите

Комуникациски достигнувања
– Ја мрда главата за да каже не
– Се обидува да имитира зборови
– Ги повторува зборовите што најчесто ги слуша
– Знае имиња на блиски личности и делови од тело

Достигнувања во движења
– Оди
– Се качува по скали (најчесто со помош)
– Користи лажица и чаша
– Трча, удира и скока
– Бутка и влече играчки
– Може да соблече дел од облеката сам

Ова се работите кои детето треба да ги совлада на својата 2годишна возраст. Секое дете се развива со свое темпо но еве неколку работи на кои треба да внимавате и да посетите педијатар доколку се присутни.
– Не знае како да користи лажица, виљушка и слични предмети.
– Се движи нестабилно
– Не може да следи едноставни инструкции
– Не имитира дејствија или зборови
– Ги губи вештините што некогаш ги совладало

Тагови

Поврзани вести