Д-р Канг појаснува дека додека студирала, направиле експеримент во кој ја бришеле устата и ја анализирале плунката во Петриев сад. Открила дека во тоа има голема количина бактерии кои предизвикуваат кариес кој потоа може да се пренесе на детето. Затоа донела одлука дека нема никогаш да го прави тоа. Таа објаснила дека при бакнувањето в уста, баш како и при делењето прибор, може да се пренесат бактерии кои предизвикуваат кариес, особено кај малите деца.
– Бактериите може да се пренесат со плунка и тоа е почесто за децата, а поретко за возрасните. Децата всушност не се раѓаат со бактерии кои предизвикуваат кариес. Тие се пренесуваат на нив во раниот период, обично од старателите преку активности како бакнување и делење на приборот. По навршена 4. година, детскиот орален микробиом е созреан и е единствен за самото дете, што го прави поотпорно во текот на размената на плунката – појаснува д-р Канг.
Потврдила и дека без разлика на тоа колку ги четкаме забите и ги чистиме со конец, сепак, можеме да имаме повеќе кариес отколку лицето до нас.
– Некои луѓе се посклони кон кариес од другите без разлика на нивното на орална хигиена. Постојат низа фактори кои луѓето ги прават чувствителни на кариес, како што се бактериите и генетиката – истакнува таа.
Серијата на едукативни видеа почнала да ги објавува за да ги предупреди другите родители како да го чуваат здравјето на усната шуплина на децата. „Треба да се воздржите од тоа да ги бакнувате децата во уста, а и да внимавате претходно да не ја пробувате нивната храна и да не го користите нивниот прибор. Како стоматолот, една од целите ми е да ги едуцирам другите“, заклучува таа.