Кога станува збор за уредување на детската соба често доаѓа до судир меѓу желбите и можностите, поради тоа што и родителите и детето имаат многу желби. Треба да се земе во предвид фактот дека децата брзо растат, па брзо им се менуваат вкусовите и потребите. Заради тоа водете сметка дека избраното решение може да се прилагодува со растењето на детето.
Детската соба треба да содржи три основни зони: за спиење, за играње и за работа (за школски деца), со тоа што децата, секако, најмногу се заинтересирани за играње. Најмногу ќе ги воодушеват невообичаени решенија, како што се мал шатор во средината на собата, ѕид на кој можат да се качуваат, намештај во кој можат да се вовлечат итн. Со други зборови – соба која се разликува од онаа на родителите и на нивните другарчиња. Работната маса треба да се стави до извор на природна светлина.
Запомнете дека секогаш треба да се земе во предвид нивниот вкус, не вашиот. Земете ги во предвид детските желби и не им го наметнувајте својот вкус. Нив не им е важно креверот и плакарот да бидат во иста боја, ниту ги импресионира името на производителот. Баш напротив, децата ќе ги развесели шаренилото на бои, повеќе од употребната вредност на намештајот. Креветите на спрат ќе им бидат многу забавни за играње. Родителите само мора да обезбедат сигурен приод до креветот на спрат и ограда за заштита додека детето спие.
Децата сакаат да чуваат и собираат многу работи од некои непознати причини и им треба доволно простор за се што сакаат да чуваат. Станува збор за фиоки под креветот, табуретки, лесно достапни полици, ормарчиња и кутии. Не се сомневајте дека детето се ќе успее да потполни, само ако може самостојно да ги дофати.
Како што веќе споменавме, децата растат и ги менуваат своите вкусови и идоли, па сигурно ќе сакаат и по свој вкус да ја уредат својата соба. За да не си го комплицирате животот и да не се изложувате на трошоци, обојте ги ѕидовите на собата во неутрална боја, а потоа детето може да ги персонализира со ликовите на своите омилени јунаци и да ги менува со текот на растењето.
Многу е важно да знаете дека детската соба, нивното приватно царство, долго ќе биде простор за непречена игра, заради што еден од родителските приоритети треба да биде безбедноста. Не би требало рабовите на наместајот да бидат остри, намештајот треба да стои стабилно, а подлогата за седење и играње треба да биде мека. За мали деца не се препорачуваат фиоки со заклучување и делови кои лесно можат да се заглават. Теписите исто така, не смеат да се лизгаат по подот.
Без сончева светлина животот не е возможен, а ништо помалку важно не е осветлувањето во затворена просторија. Од нежно млечно светло за бебе, до завеси или венецијан ролетни и ламба на работната маса на детето, светлината е без престан присутна во нашите животи. Бидете сигурни деца децата не моќат да ја допрат жешката сијалица или дека не им е достапен прекинувачот за струја. Во детската соба неизоставна е и ноќната светлина, бидејќи многу деца се плашат да спијат во потполна темница. Исто така, можете да ставите и светлечки ѕвезди на таванот.