На почетокот на оваа година, познатиот пар повторно се остварија во улогата на родители, а нивните деца растат далеку од папараците и очите на јавноста.
Енрике и Ана речиси никогаш не објавуваат фотографии од наследничките, но овојпат не можеа да одолеат и направија исклучок.
Имено, Ана на својот „Инстаграм“ објави фотографија од малата Мери која е облечена во бело фусанче кое потсетува на вимблодонскиот стил.
„Вимблдоне, пристигнувам“, напиша таа во описот.
Инаку, последен пат малата Мери јавноста можеше да ја види во април кога Курникова објави фотографија на која ја држи ќерката.
Освен Мери, парот ги има и близначките Лиса и Николаса, а Курникова и во двата случаја криеше дека е бремена.