Забава

Патувајте и научете ги и вашите деца да патуваат

Не постои едноставен одговор за тоа зошто сакаме да патуваме.

При самата помисла за патување во нас се буди чувство кое ретко што друго материјално или не материјално во животот може да го предизвика. Сликите кои се направени за време на патувањето се навистина вредни и не можат да се споредат со ниту едно друго  богатство.

Зошто да патуваме?

Многумина може да кажат дека парите кои се потрошени на патувања се залудно потрошени пари, но сепак дали тоа навистина го мислат? Луѓето кои ги изговараат овие зборови само наоѓаат начин да ги оправдат сопствените стравови од промени, како и желбата да останат во својата комфорна зона.
Патувањето е богатство. Не е залудно кажано дека тоа е единственото нешто на кое трошиме пари а не прави побогати.

Изразената желба за патување ги натера научниците да ја наведат врската помеѓу хормоните и хемиската реакција. Научниот заклучок е дека генот DRD4-7R делува на ниво на допамин во мозокот и има директно влијание врз желбите и однесувањето. Тој ген предизвикува немир и љубопитност. Љубопитноста ги охрабрува луѓето да ризикуваат и да истражуваат нови и различни места. Популарно се нарекува wanderlust  gen – што на германски значи силна желба за патување и талкање.

Научете го вашето дете да ги сака патувањата. Придобивките од патувањата се безброј, а тоа добро го знаат родителите кои почесто патуваат. За тие родители е полесно да ја пренесат својата љубов и страст за патување и откривање на нешто ново кон своите деца. Патувањето на рамниште со познавањето на повеќе јазици е веројатно најдоброто училиште што може да им го понудите на вашите деца.

Искуствата од патувањата ќе ги прошират хоризонтите на децата, ќе им помогнат да запознаат и да прифатат нови луѓе како и тоа да се запознаат со различни традиции и килтури. Пренесете им и покажете им на вашите деца дека патувањето е посебно искуство, привилегија и авантура. Направете ги деца на светот. Нека не им е туѓа ниту една религија, култура, боја на кожа или каква било друга разлика.

Од премногуте негативни информации кои ги примаме свесно или не свесно преку медиумите, често забораваме дека светот има што да понуди. Патувањето дава уникатен поглед и искуство, како и можност за подобро разбирање за нашето присуство на овој свет. Колку почесто се практикуваат патувањата, светот ќе биде пошарен, посреќен и поубав. Па зошто децата да не започнат со патувања уште од рана возраст?

Понекогаш е добро да се оддалечите од вашата комфорна зона, да патувате подалеку за да се запознаете подобро. Треба да ги поместите границите и да откриете нови аспекти во животот. Учењето на неколку зборови или фрази на странски јазик можеби звучи неважно, но всушност придонесува многу. Чувството на задоволство и чудење дека сте успеале да комуницирате на јазик кој ви е сосема непознат е навистина вредно и прекрасно. Научете да кажете “благодарам” и “ве молам”. Каде и да одите научете некој збор плус, тоа ќе направи да се чувствувате поубаво и побогато. Покажете почит кон луѓето, културата и традицијата во местото каде што патувате, ќе се изненадите од позитивниот фидбег кој ќе го добиете.

 

Тагови

Поврзани вести