Исхрана

Неодоливи крофни со бело чоколадо за готвење ЛЕОНА

Ретко кој може да оддолее на слатки вкусни крофни.

Рецептот за крофни е многу едноставен, Вие треба само да имате желба и потребни состојки за да ги направите.

СОСТОЈКИ:

  • 1 шолја кисело млеко
  • 1 јајце
  • 1/2 лажички сода
  • 2 лажици масло
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • 250 гр.брашно
  • масло за пржење
  • 100 гр.бело чоколадо за готвење ЛЕОНА

ПОДГОТОВКА:

  1. Се мати јајцето со киселото млеко, се става во сад со брашното, содата и шеќер, ванилин шеќер и масло.
  2. Се меси тестото и се развлекува во оклагија.
  3. Со чаша се вадат крофни.
  4. Се пржат на загреано масло додека не поруменат од двете страни.
  5. Се ставаат на салфета да впие маснотија.
  6. Се растопува белото чоколадо за готвење ЛЕОНА на масло и се премачкуваат крофните.

Уживајте во прекрасниот вкус!

Тагови