Деца

Најчести причини зошто малите деца се будат ноќе

Периодот од детството кога малите деца проодуваат е полн со предизвици кои вклучуваат и будење среде ноќ. Откако ќе наполнат две години, новната фантазија почнува да се развива. Тоа секако е одлично во текот на денот, но навечер би можело да претставува проблем.

Ноќните кошмари најчесто се појавуваат изненадно и делуваат исцрпувачки како за децата така и за родителите. Затоа од голема важност е да се држите до одредени навики на спиењето на вашето дете.

Постојат неколку причини преку кои се нарушува сонот кај малите деца. Еве неколку најчести причини како и предлози за тоа како да им помогнете на вашите малечки да го поминат овој бурен дел од растењето.

Прекумерен замор

Малите деца кои одбиваат да спијат попладне или легнуваат доцна, често не можат да спијат мирно затоа што се истоштени. Држете се до навиките и не се откажувајте од редовниот сон. Ако вашето дете почне да протестира, дајте му време да се опушти. Може да се вклучите и да гледате филм заедно за да ги ”наполните батериите”.

Драстични промени

Промените во животот како принова или прилагодување на нов дом може да влијаат врз сонот на вашето дете. Подгответе го детето така што ќе разговарате со нив за промените што ќе ги направите во нивните животи. Бидете сигурни дека тие разбираат зошто работите се менуваат. Со многу љубов и поддршка, со тек на време се ќе си дојде на свое место.

Анкциозност од одвојување

Разделбата од родителите, а особено од мајките, е неизбежен дел од растењето, каде што мора да се има многу трпеливост. Ако забележите дека вашите малечки плачат кога ќе излезете од собата или кога треба да ги заспиете, уверете ги дека се е во ред и вратете се во собата за да ги проверите.

Седнете до нив и погалете ги по главчето додека не се смират или земете ги во раце. Така ќе им покажете дека сте во близина и тие ќе почнат да се чувствуваат безбедно во нивниот кревет.

Спиење во сопствен кревет

На децата им треба време да се навикнат да спијат во кревет ако до неодамна биле во креветче. Кога случајно ќе дојдат да ве бараат во вашата спална соба, нежно потсетете ги дека е време да легнат и однесете ги до нивната соба. Галете ги додека не се смират и не се чувствуваат безбедно. Не ги оставајте веднаш сами затоа што тие така нема да заспијат.

Празен стомак

Ако малите се гладни, тие ќе останат будни. Бидете сигурни дека нивната исхрана во текот на денот е разновидна.

Растење на заби

Кога почнуваат забите да пукаат, тоа исто така може да го наруши сонот на малите деца. Индикатори се црвени и чувствителни непца, како и  црвени образи, раздразливост и плунка.

Ако се разбудат среде ноќ поради забите, почекајте да видите дали повторно ќе заспијат сами, бидете до нив додека не се смират.

 

 

 

 

 

Тагови

Поврзани вести