Периодот во детството кога малите деца проодуваат е полн со предизвици кои вклучуваат и будење среде ноќ. Ноќните кошмари може да се појават изненадно и да влијаат исцрпувачки врз детето и родителите. Затоа е важно детето да се придржува до одредени навики на спиење.
Постојат неколку причини што го нарушуваат сонот кај детето.
Прочитајте неколку совети за како да им помогнете на вашите малечки да го поминат овој бурен дел од растењето.
Прекумерен замор
Малите деца кои одбиваат да спијат попладне или легнуваат доцна, често не можат да спијат ммирно затоа што се истоштени. Држете ги децата до навиките и не се откажувајте од нивниот редовен сон. Доколку вашето дете започне да протестира, дајте му време да се опушти. Може да вклучите филм и заедно да ги “полните батериите”.
Драстична промена
Не е невообичаено одредени промени во животот, како што се прилагодување на нов дом, или некој нов мебел, како и било која друга принова да влијае на сонот на вашето дете. Важно е да ги подготвите децата за промените кои ќе ги направите во нивните животи. Бидете сигурни дека тие разбираат зошто работите се менуваат. Со многу љубов и поддршка, со тек на време се ќе дојде на свое место.
Анкциозност поради разделба
Разделбата од родителите, особено од мајката е неизбежен дел од растењето, затоа мора да имате големо трпение. Ако забележите дека вашите малечки плачат кога ќе излезете од собата или кога треба да одите на спиење, уверете ги дека се е во ред и вратете се во собата за да ги проверите.
Седнете до нив и погалете ги по главчето додека да се смират. Бидете со нив но полека оставајте ги сами во кревет, со многу нежност и внимание покажете им дека вие сте во близина па така ќе почнат да се чувствуваат безбедно во нивниот кревет.
Спиење во кревет
Понекогаш се случува на децата да им треба време да се навикнат да спијат во кревет ако до неодамна биле во креветче. Кога случајно ќе дојдат да ве бараат во вашата спална соба, нежно потсетете ги дека е време да си легнат и однесете ги во нивната соба. Галете ги додека да се смират и да се чувствуваат безбедно. Не ги носете само до кревет бидејќи така нема да можат да заспијат.
Кошмари
Кога ќе наполнат две години, нивната фантазија почнува да расте. Секако тоа е одлично за игра преку ден, но може да биде проблем ноќе.
Страв од вештерки, чудовишта под креветот, сенки низ собата, сето ова може да биде плод на детската фантазија што го попречува нивниот мирен сон. Во овој случај, потребен е мирен и постојан пристап, на пример, ставете слабо ноќно светло во нивната соба.
Важно е да ги убедите вашите малечки дека се безбедни, бидејќи во нивните глави, чудовиштата и сенките се сериозна закана.
Немојте да се однесувате како да тоа не е воопшто важно, туку поставете се како нивен заштитник. Пронајдете малку освежувач кој ќе биде пријатен за вашите деца а вам ќе ви послужи како лек против чудовиштата.
Празен стомак
Ако малите се гладни, тие ќе останат будни. Осигурајте се дека нивната исхрана е разновидна. Секогаш може да им дадете чаша млеко пред спиење.
Растење на заби
Кога забите почнуваат да пукаат, тоа значително може да го наруши сонот на малите деца. Индикатори се црвени и чувствителни непца, како и црвени образи, раздразливост и плунка.
Ако се разбудат среде ноќ поради забите, почекајте да запијат повторно сами. Ако не можат, привлечете се до нив додека да се смират.
Разговарајте со вашиот лекар или фармацевт за тоа што може да им ја олесни непријатноста.