
Секоја жена ја извршува својата мајчинска улога на поинаков начин. И сите мислат дека даваат се од себе да го направат најдоброто. Но сепак, начинот на кој го воспитувате вашето дете може и не е правилен. Важно е да не се оптеретувате со другите мајки и нивните приказни и да имате ваш начин на воспитување, бидејќи секоја мајка знае што е најдобро за нејзиното дете.
Најчести конфликти меѓу мајките:
Слатки и грицки
Повеќето мајки прават проценка на другите мајки според тоа што му даваат да јаде на своето дете пример во парк. Дали тоа се здрави оброци или не и на што го учите вашето дете од мало. Ако сакате да избегнете несакани погледи и непотребни дискусии, чувајте ги закуските во торбата и оставете му на вашето дете да ги вади само додека јаде.
Количка
Која количка е најдобра за дете? Нормално е секоја мајка да има различно мислење и за тоа не треба воопшто да се дискутира. Како што вашата количка според вас е најдобра, така и за другите нивната количка е најдобра.
Автомобилско седиште
Доколку мислевте дека главна битка водевте околу тоа која количка е подобра, сте погрешиле, бидејќи детските седишта за во автомобилот се тема околу која се крева голема прашина. Дали ги помина сите тестови, какви оценки доби, колку килограми е, колку е функционална, во кој правец се врти итн.
Дисциплина
Многу пријателства завршуваат поради тема дисциплинирање на децата. Дали ви е дозволено да му пререкувате нешто на туѓо дете или некој друг да го направи тоа на вашето, се теми со кои постојано ќе се среќавате при дружење со пријателите.
Мајка сезнајко
Можеби и вие сте една од мајките која секогаш знае се, или пак некоја ваша блиска пријателка. Темата за тоа што е правилно а што не е бесконечна. Ќе слушате или ќе давате совети за тоа што е правилно за спиење со дете во ист кревет, како треба да се храни, што треба да понесе во градинка итн. Такви луѓе секогаш имало и ќе има, најдобар начин за добра комуникација со сезнајковци е да се игнорираат, а ако вие сте тој што е сезнајко, обидете се да застанете, затоа што на никој искрено не го интересира тоа што мислите вие дека е правилно.
Мајките се посветуваат на своето дете и на самите себе, затоа продолжете да го живеете вашиот живот, без да се оптеретувате како и што прават другите, вие си знаете што е најдобро за вас, како што и другите знаат што е најдобро за нив.