Воспитување

Мотивацијата е важна за животните навики на детето

Децата природно ги развиваат истите животни навики како и нивните родители.

Здравјето и социјалните навики на вашите деца во голема мера зависат од вас како родители. Ако сакате вашите деца да растат здрави и среќни треба да ги научите со сопствен пример за тоа.

Вежбањето треба да стане семејна активност

Бидете добар пример, покажете им на децата дека физичката активност е многу важна работа во животот. Активирајте се, поминувајте помалку време пред ТВ и намалете го внесот на нездрава брза храна.

Вежбањето нека стане семејна активност – вашите деца ќе претпочитаат да вежбаат ако вежбате и вие, особено ако вежбањето го претворите во забавна семејна активност.

Научете ги децата да готват

Друг начин, покрај заедничките оброци, да поминете квалитетно време со вашето дете е да го вклучите во подготовката на оброците. Децата нека дојдат со вас додека избирате намирници, објаснете им зошто одбирате одредени видови, вклучете ги во целиот процес, се до послужување на маса. Во зависност од возраста на детето, научете го зошто е добра одредена храна кога станува збор за здравјето.

Семеен ручек

Седнете и јадете како семејство – без оглед каков е вашиот распоред тој ден. Важно е да издвоите време за дневни заеднички оброци.

Ограничете го времето за ТВ, компјутер и мобилен телефон

И возрасните и децата поминуваат премногу време пред ТВ и пред компјутер. Ова може да доведе до зголемување на телесната тежина.

Учествувајте заедно во онлајн детски претстави и читање приказни

Не ги наградувајте децата со храна. Кога ќе направат нешто добро најлесно е да се наградат децата со тоа што ќе му купите сладолед или слатки, но тоа не е толку добро, најдете друг начин да ги мотивирате. Засадете растение на балконот заедно со нив, заедно гледајте детско шоу или играјте заедно некоја друштвена игра.

 

Тагови

Поврзани вести