Овој период е идеален за креативни активности дома во кои можете да се вклучите заедно со вашите деца и со тоа да создадете едно забавно и коросно попладне.
Една од омилените детски забави отсекогаш била пластелин, кој освен што ја развива имагинацијата, има и позитивно влијание врз развојот на фината моториката. Тркалањето и обликувањето на пастелин е одлична вежба за детски раце.
Работата со пластелин ја стимулира концентрацијата и делува смирувачки и позитивно влијае на координацијата на очите и рацете.
Знаејќи го сето ова, зошто да не направите “домашен” пластелин, особено имајќи го во предвид фактот дека веројатно ги имате повеќето состојки дома.
Предноста на домашниот пластелин е во тоа што не може да му наштети на детето дури и ако проголта парче. Иако денес продавниците нудат пластелин кој не содржи потенцијално опасни хемикалии, многу побезбедно е да им ја понудите на децата оваа домашна варијанта.
Лесна и брза подготовка
Ви припремивме два основни рецепти кои можат да се модифицираат и прилагодат, во зависност од вашите желби и идеи.
Рецепт без готвење
Задолжително:
3-4 чаши млеко
брашно
1 1/2 чаши сол
1 1/2 лажици прав винска киселина (достапна во продавниците за здрава храна) или прав од лимонска киселина – оваа состојка е особено важна за постигнување еластичност
2 лажици растително масло
2 чаши топла вода
прехранбени бои
гумени ракавици
Постапка:
Измешајте брашно, сол и правот од винска или лимонска киселина со миксер. Постепено додавајте масло и вода и мешајте се континуирано 10 минути. Со оглед на тоа каква е смесата ќе видите дали треба да се додаде повеќе брашно.
Поделете го тестото на неколку делови (толку колку што планирате да направите пастелин) и измесете ја прехранбената боја во секој дел (тука ќе ви бидат потребни гумените ракавици). Ако правите пластелин во само една боја, истата може да ја додадете додека мешате.
Складирање:
Пластелинот чувајте го во затворени пластични садови. Ако се исуши доволно е да додадете малку топла вода и повторно измешајте ја смесата.
Рецепт со готвење
Состојки:
2 чаши брашно
2 чаши топла вода
1 1/2 лажици лимонска киселина
1 чаша сол
2 лажици растително масло
прехранбени бои
гумени ракавици
Постапка:
Ставете ги сите состојки во тенџере и постојано мешајте на тивок оган со дрвена лажица. Смесата ќе се згусне со готвење и ќе формира “грутка” на средина на тенџерето, која може да ја отстаните од тенџерето по неколку минути (на хартија за печење) и малку промешајте ја рачно кога ќе се излади.
Ако сакате различни бои на пластелин, постапката е иста како и во рецептот без готвење – поделете ја смесата на онолку делови колку што имате прехранбени бои и измешајте ги.
Откако ќе направите база, фантазирајте. Доколку сакате пластелинот да мириса убаво, измешајте вкусови на храна, цимет, ванилин шеќер..
Рокот на траење на домашен пластелин, во услов доколку се чува на препорачан начин во пластичен затвотен сад, е од еден до два месеци