Пандемијата Ковид – 19, поради која се затворени училиштата, би можела да го избрише големиот напредок остварен во минатите години во образованието и здравството, особено во најсиромашните земји, предупреди во средата Светската банка, споделувајќи го годишнит индекс на човечки ресусри.
„Човечкиот капитар е најважен за економијата и финансиската иднина на земјата“ – резимира Дејвид Малпас, претседател на Светската банка, кога го објави својот извештај за идексот на човечкиот капитар. Овој индикатор го мери нивото кое детето родено денес може да го достигне за 18 години врз основа на здравствените и образовните услуги во земјата.
Но, пандемијата би можела да ги избрише достигнувањата остварени во последните десет години.
За мерењето на човечкиот капитал, Светската банка предвид земала три фактори: опстанокот (дали детето родено денес ќе ја доживее училишната возраст?), образованието (колку долго ќе трае неговото образование и кои ќе бидат неговите достигнувања?), здравјето (дали тоа дете ќе излезе здраво од училишниот систем, подготвено да го продолжи школувањето или ќе оди на пазарот на трудот како возрасен?).
Извештајот од 2020 година носи податоци од 174 земји, кои претставуваат 98% од светската популација.
„Анализата покажува дека пред пандемијата поголемиот број земји постојано напредувале во создавањето на детскиот човечки капитал, а најголемиот напредок бил достигнат во земјите со ниски примања“ – наведуваат авторите.
Но, тие посочуваат дека дури и пред последиците од пандемијата, детето родено во земја со ниски примања може да очекува дека ќе достигне дури 56% од неговиот потенцијален човечки капитал, во споредба со децата кое има пристап до сите нивоа на образование и здравствен систем.
Пандемијата ќе ги продлабочи нееднаквостите меѓу децата.
„Сметаме дека повеќе од милијарда деца не отидоа на училиште поради Ковид – 19“ – рече Дејвид Малпас и тоа преставува милијарди долари помалку заработка заради намаленото образованиа, во просек половина учебна година и можни напуштања на училиштето.
Тој предупреди дека девојчињата се особено погодени, што е загрижувачки затоа што и пред кризата беше изразена нееднаквоста на можностите помеѓу девојчињата и момчињата.
„Покрај тоа, пандемијата ги засилува опасностите од насилство врз жените, браковите помеѓу младите и бременоста кај тинејџерките, што ги ограничува можностите за образование и независност на жените и девојчињата“ – соопшти Светската банка.
Дејвид Малпас посочи дека 80 милиони деца во моментов не примаат основни вакцини, па затоа се повеќе изложени.
Светската банка започна програми во најсиромашните земји за намалување на стапките на напуштање на училиштето.
„Ние се обидуваме да го започнеме процесот на учење, кој вклучува опрема, повторно отворање на училиштата и учење од далечина“ – објасни тој.