Дете

Кога да почнете да му ги четкате забите на вашето дете?

Добра хигиенска навика треба да се гради од почеток. Миењето на забите е една од нив. Забите на бебето треба да му ги миете и пред да наполни 1 година.

На доенчињата потребно е секоја вечер забите да им ги бришете со влажна крпа.

Кога ќе има околу 11 месеци добро е со нежна четка да му ги измиете благо запчињата и да му дадете да си поигра со четката.

Со навршени 18 месеци, забите на детето можат да се мијат со четка и малку паста.

Временски треба да се навикне на 2 минути, но секако немојте да го терате детето ако не сака.

Кога ќе наполни 2 години, детето само може да почне да си ги мие забите со помош на родителите. Најдобро е на почеток пред огледало да му покажувате движења со раката и како треба да ги четка забите.

Со навршени 3 години детето може да ги четка забите, а вие да го надгледувате додека го прави тоа. Многу е важно детето да го навикнете редовно да ги четка забите, посебно пред да легне да спие.

Тагови