Совети

Кога бебето ќе почне да ползи се менуваат навиките на родителите

Растењето на бебето го менува ритамот на родителите од месец во месец. Кога бебето почнува да ползи, престанува навиката тоа да лежи мирно и да седи на едно место, па така родителите треба да започнат да го следат своето бебе низ целата куќа и да бидат повнимателни во врска со него.

1.Куќата ќе биде значително почиста

Кога бебето ќе почне да се движи, се што ќе најде ќе го користи за игра, било тоа да е парче мебел или трошки од подот. Иако родителите имаат навика да ги чистат и бришат подовите, сепак невозможно е да се чува цело време чисто. Но затоа тука е бебето, кое во одреден момент, како крпа, честопати ќе го исчисти подот самостојно. Препорачливо е да заборавите на белата облека во фазата на ползење на бебето.

2. Збогум мирен сон

Фиксирањето на бебето со помош на перница веќе е минато, бидејќи бебето сега сака да се движи, па дури и за време на спиењето. Затоа родителите често треба да внимаваат во текот на ноќта бебето да не се открие, да не падне од кревет и да не се покрие преку глава…

3. Тенџериња, тави, фиоки, далечински управувачи, чевли… сите предмети ќе добијат нозе

Децата ќе ползат до плакарите во кујната, по сите простории и ходникот, така што ќе започнат да извлекуваат се што им е на патот, од облека до кујнски предмети, но и опасни детергенти. Ќе бидете изненадени до што се вашето бебе може да допре, од храна за миленици, па се до валкани алишта, затоа е важно да се тргнат сите ситни и опасни работи од нивен дофат.

4. Потоа следуваат направите кои ќе му помогнат на детето да научи да оди

Родителите секогаш го сакаат најдоброто за своето дете, па така уште од рана возраст штом детето ќе почне да ползи, веднаш купуваат разни помагала со кое детето ќе почне да застанува на свои нозе, и ќе научи да оди. Но сите овие направи на бебињата им здосадуваат многу брзо, па родителите се приморани да купуваат нови.
Затоа, доколку сте во можност да позајајмите од ваши пријатели и роднини некоја ваква справа, тоа би било одлично.

5. Опасност од повреди. Бебето ќе проба да се задржи на било што само да може да се исправи и да застане на нозе

Сосем нова фаза е кога децата од седечка положба и ползење, ќе почнат да се исправуваат.Тогаш ќе мора да бидете повнимателни, бидејќи вашето нестабилно бебе многу често ќе знае да ги преврти корпата за отпадоци, помалите полици, компјутерот и слично.

6. Работите ќе почнат мистериозно да исчезнуваат, од далечински управувач до цуцла

Бидејќи бебето ќе почне да ги зема сите работи кои ќе му дојдат при рака, многу често ќе ги остави на места на кои вие никогаш не би се сетиле, па единствен начин да ги пронајдете е да се спуштите и вие на колена и на раце. Гледањето на светот од перспектива на вашето бебе ќе ви даде одговор на прашањата за тоа каде се работите кои недостасуваат или мистериозно исчезнуваат.

7. Бегство од вид за само 3 секунди, нема повеќе безгрижен одмор

Пред бебето да почне да ползи, родителите можат да одат до тоалет без страв, да го промешаат ручекот, да стават алишта во машината за перење, бидејќи бебето е на истото место каде што е оставено. Кога ќе почне да се движи работите малку се менуваат.
Времето за одмор и нема баш да биде време за одмор, бидејќи бебето може да исчезне од соба само со трепкање на око… и така натаму цел ден.

8. Вашето дете ќе развие љубов кон животните – но мора да имате на ум дека чувството не е секогаш обострано

Кога детето ползи, нема нешто позабавно од тоа да брка куче и да се обидува да го застане со тоа што ќе го влече за опашката. Иако повеќето кучиња се многу толерантни, морате да припазувате детето да не му наштетува на кучето.

 

Тагови

Поврзани вести