Изборот е личен и знае да варира во зависност од ситуацијата, времето кое го имаат односно немаат родителите, карактерот на родителот како и темпераментот на детето.
Иако стиловите знаат да се испреплетат, генерално постојат неколку стилови во кои многу од родителите ќе се препознаат.
1. Авторитарен (строг)
– Овде родителите немаат разбирање за потребите и желбите на детето, се однесуваат ладно и грубо, не им попуштаат на своите деца и не вршат компромиси.
– Децата кој се израснати по овој стил најчесто се агресивни, имаат проблеми со врсниците и склони се кон асоцијално однесување.
2. Хиперактивен (презаштитнички)
– Односот на родителите покажува преголема заштита во секој сегмент од развојот на детето, се грижат и за најмалата ситница која може да го наруши идеалниот развој на детето што они го замислиле.
– Децата кои се претерано заштитени, склони се да бидат несамостојни, нестабилни како и пречуствителни и несигурни.
3. Авторитативен
– Родителите ја претпочитаат рамноправноста во комуникацијата со децата, ја поттикнуваат нивната самостојност и одговорност. Авторитативниот родител има топол однос кон своето дете, разбирање за детските потреби и желби, но знаат да постават граници и правила.
-Децата се самостојни и имаат самодовера. Пријателски се настроени кон другите и знаат да се прилагодат во одредена ситуација.
4.Пермисивен
– Односот на родителите е топол и емотивен без поставени правила за однесувањето на детето.
– Ова кај децата резултира со неконтролирано однесување, самоуверени се, импулсивни, наметливи и асоцијални.
5.Индиферентен (занемарувачки)
– Родителите не го мотивираат своето дете, се однесуваат незаинтересирано за неговиот раст и развој, го игнорираат и го оставаат само да се снаоѓа.
– Ваквото дете има низок степен на самопочитување, не е послушно и не соработува во социјални активности.