Нешто што е важно да го знаете: Подолго или потешко бебе не мора да значи и подобро и обратно: пократко или полесно бебе не мора да значи полошо.
Педијатрите се помалку загрижени за перцентилите, отколку за стабилниот раст. На пример, ако вашето дете е во 10 перцентили за неговата тежина, а тоа било отсекогаш така, веројано дека расте нормално.
Нагла промена на перцентилите може да биде сомнителен знак. Исто така можеби има потреба за загриженост ако детето е значително надвор од нормалниот опсег, ако не напредува нормално или има непропорционални мерки. На пример ако главата на бебето е значително помала за неговата должина, но дури и тогаш се земаат во предвид други фактори, ако навиките во исхраната, скокови во растот и болести.
Како растат бебињата
Иако сите бебиња се различни, еве некои општи референци:
- Во првите шест месеци бебињата растат од 1,2-2,5 см месечно и добиваат 150-200 грама на тежина неделно.
- Веројатно дека родилната тежина на бебето ќе се дуплира до петтиот или шестиот месец.
- До година родилната должина на бебето може да се дуплира, а тежината да стане тродупла во однос на родилната.
- Екслузивно доените бебиња вообичано добиваат повеќе тежина во првите 2-3 месеци, но тежат помалку од оние кои се хранети со адаптирано млеко кога се на возраст помеѓу 6 и 12 месеци.