Деца

Како да го заштитиме детето од интернет просторот

Ако детето паметно го користи Интернет, тоа може да послужи како одлично средство за учење и комуникација. Препорачливо е родителите да разговараат со своето дете за Интернет просторот, како и да воведат одредени правила при користење.

Компјутерите секогаш треба да бидат на видливо место и на децата треба да им се дозволат, но секако со внимание за што го користат. Родителите треба да бидат вклучени во активностите на детето, како и тоа да имаат интерес за тоа што го прават, бидејќи на тој начин ќе го заштитат детето од Интернет просторот на најефикасен начин.

За да го заштитите вашето дете од несоодветна содржина за неговата возраст, како и од несакана содржина, користете различни средства за прочистување на содржината на Интернет.

Иако Интернетот дава многу можности за вашето дете едукативно да напрадува, сепак потребна е родителска контрола. Она што им се советува на родителите е да го охрабрат детето да ги заштити личните податоци, да пребаруваат на Интернет заедно со своето дете каде што ќе се договорат за правилата на употреба и пристап до Интернет преку споделување и запознавање.

Детето треба да биде свесно за тоа пред кој и кога може да ги открие своите лични информации и тоа е од голема важност. Укажете му на вашето дете кои се сите ризици од разговор и кои се сите опасности со потенцијалните средби со странци. Кажете му на вашето дете дека никогаш не треба да останува само без ваше присуство за време на овие состаноци.

Поврзување на Интернет може да се направи преку персонален компјутер или мобилни телефони или било кој друг уред кој поддржува интернет. Всушност детето може да се поврзе на Интернет на секое место. Најчесто Интернетот се користи за проверување на е-пошта, помош при решавање на домашна задача, размена на инстант пораки, играње разни игри и пишување блогови.

За да се користи Интрнетот правилно, треба да се донесат паметни одлуки, како и да се избегнуваат опасни ситуации. Секогаш е препорачливо да ги прифатите придобивките од модерната технологија иновитетите кои може да придонесат многу за вашето дете.

Затоа, секогаш бидете присутни кога вашето дете ќе користи Интернет, бидете запознаени со начинот на користење. Во никој случај не треба да бидете премногу строги во ограничувањето на употребата на Интернет, ниту во забраните.

Ако сте премногу строги и критични, може да се случи детето во тајност да започне да користи Интернет без ваша контрола. Дајте му на детето до знаење дека не смее да верува на се што пишува на интернет.

Интернетот е секако совршен извор на забава и информации како за возрасните така и за децата. Затоа, научете го вашето дете да користи Интернет мудро и одговорно.

Тагови

Поврзани вести