Божиќ е на сам праг, а со него и размислувањето за идеалниот подарок за вашето дете. Сите знаеме дека децата се најзаинтересирани за играчките, а често тие играчки немаат посебна функција и ќе им станат здодевни по неколку дена, а скапиот предмет ќе собира прашина во аголот од детската соба. Од таа причина, треба добро да размислите што да му купите на детето и да изберете подарок што ќе му биде интересен, но исто така корисен за развојот на социјалните вештини, когнитивните способности и емоционалната интелигенција. Во продолжение ви нудиме предлози за интересни подароци за деца од сите возрасти и со различни интереси.
- Книга
Книгите за деца се секогаш корисни како идеја за подароци за различни пригоди, а она што се наоѓа помеѓу двете корици ќе го запознае вашето дете со магичниот свет на имагинацијата. Додека детето ја чита книгата или додека му ја читате, тоа ја замислува ситуацијата и се обидува да ги разбере постапките на ликовите.
Ако сметате дека е рано да му читате книги на вашето дете пред 2-3 години, не сте во право. Може да му читате книги од најрана возраст и на тој начин ќе развиете блискост со него.
2. Дидактички играчки
Дидактичките играчки се оние на кои подучуваат. Дидактиката е педагошка дисциплина која се занимава со подобрување на развојно-образовниот процес, а дидактичките игри се само еден од начините за подобрување на развојот.
Овие играчки ќе го привлечат вниманието на вашето дете со својот атрактивен изглед и ќе го задржат со многубројните можности. Една од важните карактеристики на дидактичките играчки е мултифункционалноста, така што детето може повторно да игра со една играчка. Се разбира, не сите дидактички играчки ја имаат оваа одлика, а некои се користат со цел разбирање на големини, бои, простори, различни форми итн.
Примери за дидактички играчки се кули или прстени кои децата ги составуваат од најмали до најголеми. Овие играчки се наменети за најмалите деца и ги охрабруваат да се концентрираат на проблемот и да се обидат да најдат логично решение. Исто така, тие помагаат во развојот на фината моторика, што е многу важна за развојот на детето. Имено, развојот на фината моторика го зголемува бројот на синапси во мозокот на детето кои се одговорни за развојот на интелигенција.
3. Подарете му на детето искуство
Празничните денови се идеално време да го воодушевите вашето дете со необичен подарок, како што е одење во кино или театар, интересно викенд-патување, обиколка на интересен музеј, лизгање и слично.
Овде е важно да го познавате вашето дете и да изберете нешто што долго го чекало и на тој начин особено да го изненадите. Исто така, можете да го запишете да тренира некој спорт што би сакал да го вежба одамна и да му ја купите потребната опрема.