Воспитување

Еве неколку причини зошто вашето дете треба да порасне со домашно милениче

Детството секогаш е поубаво кога ќе се помине во присуство на некое домашно милениче, покажуваат истражувањата. Не само што ќе му помогне на вашето дете да порасне, туку ќе го направи поотпорно на болести, а може да допринесе и во лекувањето на постоечките.

Многумина кои имаат деца и домашни миленици, ќе потврдат за нивното позитивно влијание во домот и колку тие им помагаат на малите да се развиваат.

Доколку се плашите за хигиената или мислите дека домашното милениче може да му наштети на вашето дете, запомнете дека и миленичето е производ на вашето воспитување и грижа. Иако повеќето кучиња и мачки возвраќаат љубов, без оглед на тоа како се третирани, треба да се биде одговорен и свесен сопственик и  да им се пружи љубовта која ја заслужуваат.

Во истражувања каде се анализирани бебиња кои пораснале со домашни миленици се покажало дека малите биле поотпорни на болести и примаат помалку антибиотици од останатите деца кои не се во присуство на домашни миленици. Ова е уште еден доказ за тоа како прекумерната хигиена го нарушува природниот систем во вашиот дом и штети на здравјето на вашето дете.

На овој начин детето развива имунитет кон мали микроби и го подготвува телото за идни, посилни напади на вируси и болести. Имунитетот се развива не само кај болестите третирани со антибиотици, туку и кај обичните настинки, кашлица и болки во грлото.

Покрај физичкото здравје, миленичињата ќе му помогнат на вашето дете и со менталното здравје. Откако еднаш ќе се пооврзе со вас, миленичето ќе ве сака бескомпромисно, до крајот на својот живот. Децата на овој начин имаат можност да научат како да се прифатат себеси, бидејќи ќе ја добијат целата љубов која ја заслужуваат само затоа што се тие, а тоа допринесува до навистина голема самодоверба во текот на животот.

Покрај тоа, домашното милениче ќе му помогне на вашето дете да се научи на одговорност. Секогаш можете да го вклучите во шетање, хранење, капење, четкање, чистење на влакна и слични задачи преку кои ќе научи да се грижи за секое друго живо суштество.

Децата исто така можат многу да научат за праведноста и еднаквоста преку дружење со домашните миленици. Доколку го научите детето да покажува грижа и почит кон своето милениче, детето ќе знае дека тоа не е само за игра.

Покрај тоа, животните ги покажуваат своите чувства невербално, со движења и гестови. Ова на некој начин ќе го научи вашето дете како да ги препознава чувствата што луѓето ќе му ги пренесат во иднина.

Домашните миленици, особено кучињата, се движат постојано, што значи дека вашето дете ќе биде поактивно доколку си игра со нив. На малите кученца им треба многу игра, а подоцна и прошетки. Докажано е дека кратка прошетка од 10 минути може да го подобри расположението, па редовната прошетка со кучиња ќе помогне во одржувањето на здравјето на целото семејство.

 

Тагови

Поврзани вести