Денес се посветува големо внимание на модата, не само кај возрасните туку и кај децата. Многу копмбинации кои ги гледаме кај децата делуваат како да се создадени за возрасни. Модниот дизајн е применета уметност на дизајн и естетика или природна убавина на облеката и модни додатоци. Во разговор со модниот дизајнер, Моника Коцарева откриваме од каде идејата да започне да се занимава токму со оваа професија?
– Од најрани години, уште кога изведував од чаршави креации, па се до правењето на накит и менувањето на функцијата на облеката, веќе кога бев повозрасна. Од фустан правев горен дел и сукња, од долги панталони правев шорцеви, од најрани години започна тој интерес, вели Коцарева.
Од каде најчесто црпи инспирација за тоа што го работи да биде уникатно и да изгледа прекрасно?
- Инспирацијата ја црпам од секаде. Ако е од патување, последно каде што патував беше Бали. Од нивната култура, од нивниот начин на облекување, од нивните традиционални носии… текстурите и шарите им се многу доминантни, па ги употребив и во моите креации.
Целна група и е женскиот пол, а обожува да креира за младите дами.
- Таргет група би рекла дека ми се од 1 годинка до кај 12. Односно децата кои имаат најискрени емоции. Едноставно ти е кеф кога работиш со такви искрени емоции, и со дечињата.
Што е тоа што децата го сакаат и на што најмногу се радуваат? Каква улога играат деталите во секоја креација?
- Најмногу се радуваат на впечатливи бои, како и деталите. Да има цветчиња на нив, да си играат, да ги фаќаат. Сакаат многу широки фустанчиња, да можат да се вртат. Дечињата сакаат се што е плус. Доколку ставиме некое венче со некоја голема панделка или на фустанчето да ставиме пеперутки или цветови, со еден збор децата сакаат буквално се од додатоци, вели Коцарева.
Како реагираат децата кога ќе го видат и пробаат своето ново парче облека?
- Возбудени и среќни најчесто. Искрено ми е битно и од родителите, бидејќи тие се тие кои токму од мене го побарале тоа.
Коцарева пред нашиот објектив ги сподели своите идни планови.
- Работам на тоа да произведам повеќе секојдневна колекција. Би сакала да работам подеднакво и на возрасните и на децата. Имам многу плановви и проекти на кои што сакам да работам во иднина, се надевам дека тоа ќе ми се овозможи што побрзо.
Кога децата ќе пораснат малку повеќе, секогаш оставете изборот на облеката да го направат сами. Доколку одберат нешто што не е соодветно задолжително прашајте ги зошто го направиле токму тој избор и таа комбинација на бои, материјали и слично. Обрнете внимание дали нивниот избор е поради удобноста или боите кои најмногу ги сакаат. Често нивниот одговор може да е изненадување за вас. Иако тие се вашите мали дечиња, тие се сепак личности со сопствен вкус и избор. Кога им поставувате прашања, вие само им помагате да го дефинираат сопствениот вкус и одлука, на тој начин тие учат и се осознаваат себе си и своите желби
Разговарала: Јанковска Ивана