Во пресрет на новогодишните и божиќните празници секогаш постои дилема околу прашањето од каде доаѓа Дедо Мраз?
Иако сите знаеме дека ликот на Дедо Мраз е поврзан со ликот на Св.Никола, сепак никој од нас не знае од каде тој точно доаѓа.
Во светот е раширена приказната дека Дедо Мраз доаѓа од северните краишта на земјината топка, но веќе неколку години кај нас се зборува дека тој всушност доаѓа од малото и шармантно македонско гратче кое го носи името на светецот Св.Никола, односно градот Свети Николе.
Понесени од желбата да откријат дали ова верување е вистина, екипата на порталот Moetodete.mk го посети градот Свети Николе и ги праша тамошните жители.
Ова се одговорите на прашањето: Дали Дедо Мраз е од Свети Николе?
- Да, Дедо Мраз е од Свети Николе. Од кое друго место би можел да биде? Во насмевка рече Лазаревска.
- Сигурно е од тука, ние во Свети Николе ја имаме најдобрата и најголема фабрика која ги произведува највкусните колачи, чоколади, кремови… под името Леона, па логично е да е од тука нели? Кажа Стефанов.
- Не верувам во Дедо Мраз, незнам од каде е. – кажа Величкова.
- Хахахаха интересно прашање… искрено мислам дека да. Лани дури и една телевизиска екипа го фати како излегува од фабриката кај што се произведуваат слатките на Леона, со полна вреќа новогодишни пакетчиња. – рече Михајлов.
- Лани гледавме видео со Дедо Мраз кој излегува од фабриката Леона со полна вреќа подароци. Откако моето синче Марко го виде моравме да го купиме новогодишното пакетче Леона, и не погрешивме, бидејќи беше превкусно. – искрено ни кажа Јосифовска.
- Слободно може да дојде кој сака во нашиот град и самиот да се увери дека Дедо Мраз навистина е од Свети Николе. – со насмевка изјави Марковски и ги покани сите наши читатели да го посетат градот од каде што доаѓа Дедо Мраз.
Ова беа дел од одговорите кои ги добивме… остануваме да истражуваме и понатаму околу оваа тема дали Дедо Мраз е од Свети Николе.
Комерцијална објава