Американски истражувања и студии покажаа дека децата со асоцијални гени ќе се однесуваат лошо дури и кога би растеле во идилични услови.
Иако досега постоеше верување дека однесувањето на децата влијае од околината во која растат, неодманешните научни истражувања откриваат дека децата кои се непослушни, кои се склони кон лаги, кавги и насилство, всушност такви се раѓаат.
Гените се пренесуваат во текот на неколку генерации. Студија е спроведена на 2.000 деца или 1.000 близнаци, каде се покажало дека половина од испитаниците имале целосно идентични гени, а другата половина носела само половина од истите гени.
Проучувањето на однесувањето на родители близнаци и нивните деца е стандарден метод за одредување на тоа кои карактеристики на однесување се наследни.
Кога се споредуваат едни со други, се забележува кои гени се пренесуваат од генерација на генерација, па така американските научници откриле дека деловите на ДНК одговорни за однесувањето се пренесуваат исто како и бојата на очите или косата. Доколку генот е помалку активен, а децата растеле во насилно опкружување, тие ќе бидат склони кон лошо однесување, додека оние чиј ген е високо активен, драстично помала е разликата да “копираат” насилство од нивната околина.
Се верува дека раната дијагноза на присуство на овој ген би можело да биде од клучна превенција за спречување на насилно однесување.