Повеќе од јасно е дека викањето на луѓето воопшто, а најмногу на децата, не е убаво. Сепак, ова мислење не е заедничко, бидејќи во последните години стана многу популарна теоријата за незадржување на чувствата – велат дека сузбивањето на чувствата доведува до психосоматски болести и затоа не треба да ги сузбиваме, туку да си дозволиме себеси да се извикаме.
Доколку во шума видите човек кој го прегрнува стеблото и дивјачки вреска – знајте дека тоа не е локален бес, туку некој што поминал тренинг на емоционално ослободување: некој што се поврзал со земјата преку дрвото и се испразнува во вселената. На интернет ќе најдете многу текстови на психолози за тоа како треба и може да им се вика на децата. Велат – ако мајката не му вика на детето, тоа е некоја навидум совршена мајка, а совршенството само по себе е штетно.
Зошто е штетно викањето? Секојпат кога ќе му викнеме на детето, дури и ако е виновно, самиот факт дека викаме во голема мера го намалува воспитниот ефект. Поради викањето, детето се навредува, а неговото чувство на вина се поништува со чувството на навреденост од наша страна. Уште полошо: штом сме се извикале, ние почнуваме да чувствуваме вина пред детето и се обидуваме што побрзо да ја измазниме ситуацијата.
Детето направило нешто погрешно, вие сте викнале, а потоа сте го прегрнале, сте отишле на сладолед, детето за цел живот запомнило: можам да правам што сакам, само малку треба да се смирам додека мама се извика, потоа ќе ѝ биде непријатно и потоа сè е супер. Животот е убав. За детето, иако тоа не трае долго. А за вас не е, и тоа ќе потрае.
Психичката активност е како вода – тече нагоре само тогаш кога нема друг пат.