Доктор

Бебе и плажа: Како да го заштитите детето од штетното влијание на сончевите зраци?

Ако ова ви е прв летен одмор со вашето мало дете, мора да знаете дека заштитата на кожата е многу важна. Најдобро е бебињата до шест месеци да не ги изложувате целосно и директно на сонце.

Најчеста дилема на родителите е дали може целото семејство да користи ист крем за сончање. Одговорот е дека за бебињата и децата треба да изберете заштитен крем за сончање наменет за нивната чувствителна кожа.

Директната изложеност на сонце, посебно во подолг временски период, може да предизвика изгореници, пликови и други оштетувања на кожата.

Ако сакате да го носите бебето цел ден со вас на плажа, мора да го набавите најдобриот крем за заштита на детската кожа од сонце и редовно да го нанесувате. Изберете заштитен фактор над 25, а пожелно е да е 50.

Кремот треба да го нанесувате неколку пати во текот на денот, особено ако детето влегува во вода. Ако детето е поголемо и постојано влегува и излегува од вода, побарајте водоотпорен крем за заштита.

Покрај заштитниот крем, на децата ставете им шеширче со широк обод и очила за сонце со УВ заштита. Исто така понесете лесна, прозрачна облека за детето.