
Вашите деца сигурно со душа го чекаа зимскиот распуст, но тоа не значи дека цел треба да го поминат во лежење и губење време.
Мора да постои баланс, па така треба да им дозволите да се одморат, да се дружат со другарчињата, да прочитаат некоја лектира, но и да поминете заеднички семејни моменти.
Искористете го распустот и нивната слобода за заеднички активности, дружење и зближување во семејството.
Зависно од тоа колку се големи вашите деца, а и од вашите обврски, може да си го организирате времето на најразлични начини.
Гответе заедно вкусни колачи со празнични форми

Одете на лизгалиште и забавувајте се фамилијарно

Направете сами подароци или завиткајте ги купените

Организирајте талент шоу и препуштете се на забавата со децата

Не ги пропуштајте локалните настани, случувања и базари

Одете на шопинг и израдувајте ги децата со нови играчки/облека…

Гледајте заедно божиќни филмови или цртани

Научете ги децата да скијаат

Средете ја заедно детската соба

Помогнете им да ги завршат домашните задачи или обврски кои им ги дале за распуст

Или создадете им атмосфера за читање лектири и сите заедно читајте

Закажете редовен преглед за стоматолог, однесете ги на шишање и слично

Играјте „старомодни“ игри




