
Децата инстинктивно ја чувствуваат поврзаноста со родителите, особено со мајката, уште од моментот кога ќе дојдат на свет. Ги смирува нејзиниот мирис, нејзиниот допир, топлината на нејзиното тело. Нема лекар или психолог кој нема да ви каже дека допирот „кожа на кожа“ со мајката и таткото е од особено значење за бебето.
Бебињата, од првиот ден, чувствуваат поврзаност и љубов кон родителите. За нив, родителите се сè . Со текот на времето, како што растат, децата ги учат постапките на своите родители да ги поистоветуваат со љубов. Малку поради тоа што знаат и чувствуваат дека мајката и таткото најмногу ги сакаат, а малку и поради тоа што родителите често имаат обичај да кажат „јас го правам тоа за твое добро“ или „го правам тоа затоа што те сакам“. Така понекогаш им правиме голема штета на нашите деца. Бидејќи, важно е да знаете дека:
- Доколку ги игнорирате, ќе мислат дека тоа е љубов.
- Доколку ги оставите кога им е тешко, ќе мислат дека тоа е љубов.
- Доколку сте сурови кон децата, тие ќе мислат дека тоа е љубов.
- Доколку им викате, тие ќе мислат дека тоа е љубов.
- Доколку ги казнувате со удирање, ќе мислат дека тоа е љубов.
За да не дојде до погрешно толкување на работите..
Бидете нежни кон нив, така тие ќе мислат дека тоа е љубов.
Доколку ги разбирате кога ќе погрешат и не ги осудувате поради тоа, ќе мислат дека тоа е љубов.
Треба да имате трпение за нив и ги слушате кога ви зборуваат, така тие ќе мислат дека тоа е љубов.
Ако им го дадете своето време и им покажувате колку се важни, ќе мислат дека тоа е љубов.
Знаете, можете вие и со прст да им покажете на нешто и да им речете „ете, тоа е љубов“. Можете да им ја прочитате и дефиницијата за љубовта. Можете, ако сакате, секој ден да зборувате што е тоа љубов. Но, за нив, љубов ќе биде она што вие им го покажувате. И кога еден ден некој друг ќе ги третира така како што сте ги третирале вие, тие ќе помислат – е тоа е љубов!
Затоа, внимавајте на што ги учите.