
Ако вашето дете е луто без причина, каприциозно и непослушно – разгалено е.
Малку од децата се навистина разгалени. Дури 79 проценти од децата сакаат да го свртат вниманието кон себе, однесувајќи се спротивно од очекувањата. Неприфатливото однесување често е појава кај децата што растат во семејства со несредени меѓусебни односи и кај децата кои имаат презафатени родители.
Научните истражувања докажуваат дека децата кои управуваат со своите родители, се многу несигурни. Тие се безбедни и сигурни додека мама и тато се во близина или во позната околина. Куќата е средината во која детето е навикнато на придобивки и отстапки. Но кога ќе дојдат во контакт со други деца, нивни врсници кои не попуштаат, се потсмеваат на неговите недостатоци и се подготвени да го одбијат доколку не се прилагоди на нив, тогаш доаѓа до израз несигурноста на разгаленото дете.
Како да постапите правилно и да не го разгалите вашето дете?
Разговорот решава се. Ако сте решиле да пиете кафе денес, а детето е доволно големо за да можете да му објаснете што сакате, тогаш кажете му:
“Сега мама малку ќе се одмори и ќе пие кафе. Кога ќе го испијам кафето, ќе си играме. До тогаш, оставам на тебе да смислиш што сакаш да правиме”. 2.5-годишно дете е подготвено за ваков вид разговор
Ветувањето е свето
Никогаш немојте да го лажете детето. Доколку ветите нешто, исполнете го.
Поставете правила
Од првиот ден научете го вашето дете на правилно однесување. Правилно однесување е тоа што го сметате за соодветно во одредена ситуација. Ако е забрането да се допира телевизорот или да се игра со светлото дома, тогаш тоа е забрането за сите, не само за нив. Ако е забрането да се допира телефонот на мајката, тогаш телефонот не треба да го допира дури и кога мајката не е во собата. Ако бомбоните се забранети дома, тогаш не им се даваат на децата дури и кога на родителите им е потребен мир, или пак доколку пристигнале важни гости, за децата да бидат мирни. Ако цртан филм се гледа еден час на ден, тогаш цртан филм ќе се гледа еден час дури и кога детето е болно. Почитувајте го времето за спиење.
Детски потреби
Кога детето е исполнето, суво и задоволно, тогаш може со него да одите каде што сакате. Ако научите да ги задоволувате потребите на вашето дете пред вашите, вие и вашето дете си го олеснувате животот.
Без казни
Казната со тепање е штетна затоа што го навредува и понижува детето. Ударите кои се чувствителни по прирофа доведуваат до ментални кризи кои дополнително ја зголемуваат нивната чувствителност.
Кај некои деца казните предизвикуваат нечувствителност и рамнодушност, тие не се грижат, не се радуваат и не тагуваат. Двете групи деца ќе имаат големи потешкотии и во емоционалниот развој и во социјалното прилагодување.
Бидете доследни
Ако бабата не го видела детето цела година, нека ужива со него и оставете ја да прави што сака. Тоа е исклучок. Но кога таа ќе замине, детето брзо ќе сфати дека секогаш важат истите правила.
Поставете граници
Ако сметате деја вашето дете не треба да направи нешто, кажете му јасно, гласно и безбедно. Не дозволувајте да ползи под мијалникот кога ќе наполни една година, бидејќи ќе продолжи да го прави истото и кога ќе наполни две години.
На детето треба да му биде јасно колку далеку може да оди. Нека не ве лаже глетката на крупните очиња кои ви се плеткаат пред нозе, бидејќи така ве контролираат. Запомнете, вие го контролирате детето, не тоа вас.



