Во исто време, нивниот пристап до образование, можности за социјализација и основни услуги како што се здравјето, исхраната и заштитата е намален. Сите индикации се дека децата ќе страдаат од ефектите на пандемијата во наредните години, рече Хенриета Форе, директор на УНИЦЕФ.
Таа повика на ставање на децата „во центарот на напорите за закрепнување“, „приоритет“ на повторното отворање на училиштата и обезбедување социјална заштита на семејствата – вклучително и финансиска помош – за да се избегне „изгубената генерација“.
УНИЦЕФ цитира и алармантни податоци. Иако пандемијата најмногу ги погоди старите лица, децата и адолесцентите на возраст под 20 години сочинуваат 13% од 71 милион случаи на коронавирус идентификувани во 107 земји кои даваат податоци според возраста. Во земјите во развој, проекциите покажуваат зголемување на сиромаштијата кај децата од 15%. Уште шест до седум милиони деца можат да страдаат од неухранетост, што е зголемување за 14%, што може да резултира со повеќе од 10.000 дополнителни смртни случаи месечно, претежно во субсахарска Африка и Јужна Азија. За 168 милиони ученици ширум светот, училиштата се затворени речиси година. Најмалку третина од оние чии училишта се затворени немаат пристап до онлајн образование. Најмалку едно од седум деца и адолесценти биле подложени на мерки за затворање во поголемиот дел од минатата година, потенцирајќи ја анксиозноста, депресијата и изолацијата.