Совети

Научете ги децата дека не се врти сè околу нив

Во денешно време родителството доста се разликува од она пред 30-ина години. Се напредувало во филозофијата на родителството, вклучувајќи ги и здравјето и сигурноста. Мајка на 5 деца открила во што детството тогаш било побогато и поздраво отколку во сегашно време.

Кога нашите родители биле млади, не било невообичаено бракот да е најважен во однос на семејството. Но, во последните 30 години родителите почнале да ги третираат своите деца како центар на светот. Да се гледа на својот сопружник како на приоритет, може да биде тешко, но е клучно за здраво и среќно семејство. „Кога децата ме прекинуваат додека разговарам со мажот, им велам дека ќе мора да почекаат (освен ако не е многу итно). Децата треба да научат дека не се врти сè околу нив“.

Им велеле на децата да си играат надвор

„Повеќето мои сеќавања од детството се играње на отворено, во природа, користејќи ја фантазијата. Јас и моите другари излегувавме надвор штом ќе се вратевме дома од училиште. Седнувавме на вечера, а потоа се враќавме надвор да играме до мрак. Уживав гледајќи ТВ, но секогаш сакавме да бидеме надвор. Важно е да се знае дека на децата не им е потребен спортски терен или базен за забава надвор. Сè што им треба е нивната фантазија.

Им верувале на своите деца

„Сигурна сум дека повеќето од нас се сеќаваат дека поголемиот дел од слободното време се возевме со велосипеди со другарите, километри далеку од дома, престојувавме надвор до мрак, а сето тоа без да знаат родителите каде сме биле. Тоа може да се нарече родителство на слободен круг. Но, да им се верува на своите деца е многу важно за тие да можат да учат и да практикуваат одговорност.

Не форсирале одредени знаења

Пред 1980 година, главен фокус во раните години на детето биле креативноста и социјалните вештини. Децата не знаеле да читаат кога тргнале во училиште, а многумина не ја знаеле ниту азбуката. Родителите ги учеле децата да ги почитуваат другите, да делат и да склопуваат пријателства. Нашите деца се принудени да се натпреваруваат во рана возраст, што ги зголемува и ги предизвикува тегобите и стресот.

Ги учеле на пристојност

Кога зборувам за учењето социјални вештини, секогаш сум во шок поради недостиг на манири кои денес ги гледам кај многу деца и тинејџери. Сопругот и јас пред неколку години поминавме една недела готвејќи за 300 тинејџери. Поминавме цел ден готвејќи, миевме садови и послужувавме храна. Бевме шокирани поради количината на пофалби: само двајца од 300. Тоа е едноставен пример.

Сме вечерале како семејство

Родителите денес ги жртвуваат семејните вечери со цел исполнување воннаставни активности и тоа е штетно. Децата кои учествуваат во редовни семејни оброци ретко имаат тегоби и депресија. Имаат поголеми академски постигнувања и подобро психичко здравје. Немојте да ги мерите оброците според активностите, туку распоредот на активности според оброците.

Им задавале задачи на децата

Кога јас растев, секоја сабота беше резервирана за завршување обврски. Не можеше да си играме со другарите или да се занимаваме со какви било други активности додека не ги исчистиме собите и не завршиме уште неколку други задачи. Го чистев тоалетот, поминував со правосмукалка, бришев прашина и уште многу нешта. Денес од децата се бара да преземат само тривијални одговорности. Можеби ќе се изненадите колку всушност вашите деца се способни, само треба да им се даде можност.

Ги дисциплинираа и туѓите деца

Што би направиле ако пријателот на вашето дете не сака да послуша или дури го удри вашето дете? Дали би го прашале дали ќе престане? Дали воопшто би се осмелиле да му го кажете тоа на неговиот родител? Нашите родители имале непишано правило дека доколку некое дете е непослушно, безобразно или дури напорно, ќе го дисциплинираат на ист начин како и своите деца.

Приредувале домашни роденденски прослави

Роденденските прослави кои нашите родители ги приредувале вклучувале торта и сладолед. Тие не му давале на секој гостин корпа со подароци. Не изнајмувале игротека и не плаќале професионален фотограф или угостител. И покрај тоа, се забавувавме.

Ги одржуваа работите едноставни

Најдобриот дел од „добрите стари“ денови беше колку сè беше едноставно. Како деца не брзавме од фудбалски тренинг на часови по пијано или танц. Нашите родители не нè водеа во „Дизниленд“ секое лето и ни ни купуваа таблети. Ни беше досадно, но ја користевме својата фантазија. И успеавме. Нашите деца ќе завршат добро – дури и подобро од нас. Не треба сè да им се даде на сребрен послужавник. Не треба да бидат најдобри во сè, па дури ни во една работа. Во ред е ако паднат и се повредат или им се скрши срцето. Тоа е начинот на кој тие ќе учат и растат.

Тагови

Поврзани вести