Секоја година Европската Комисија информира кои производи на пазарот (вон прехранбените) се пријавувани во земјите членки на ЕУ како опасни. Оваа година е забележан значаен раст на пријавите за производи поврзани со ковид-19, како заштитни маски и гелови за дезинфекција кои содржат токсични супстанци.
Најчесто пријавувани производи се играчките за деца со 27 отсто од вкупниот број пријавени производи во ЕУ, Норвешка, Лихтенштајн, Исланд и Обединетото Кралство. Следуваат моторните возила и електрична опрема.
Според анализата, пријавените производи во 25 отсто случаи се однесуваат на опасност од физичка повреда, потоа на хемиските компоненти, а на трето место е опасност од задушување за децата.
Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс го пофали заедничкиот систем на ЕУ за пријава на опасни производи познат како Сејфти Гејт.
– Со заштитни алатки како оваа ги обезбедуваме и понатаму правата на потрошувачите, изјави Рејндерс.