Социјалните мрежи се дел од нашето секојдневие. И навикнати сме на нив да споделуваме различни информации од нашите животи. Кога се децата се во прашање, некои мајки не сакаат воопшто да споделуваат работи за нивните деца, а некои постојано ставаат фотографии од нивните деца и ги споделуваат сите можни детали во врска со нив.
Но дали знаете каде е границата?
Што е во ред?
- Да објавувате симпатични семејни моменти
- Да објавите по некоја слатка фотографија
- Да прашате некој од вашите пријатели за совет
Што е премногу?
- Секој ден да објавувате 5-10 нови фотографии од детето
- Да отворите профил со името на детето и да глумите дека бебето ги пишува статусите.
- Да го облекувате бебето само за да направите фотографија за Инстаграм и да го малтретирате додека не излезе совршено на фотографиите.
- Да го споделувате секој детаљ за здравјето на вашето дете со следбениците на социјални мрежи.
- Да го споделувате секој можен момент и напредок на детето.