Деца

Користење на цевче за пиење е добро за развојот на вашето дете

Кога е време да се фрли шишето, некои родители му даваат на своете дете чаша со цевче за пиење, додека други се одлучуваат за чаша со цуцла. И двете се одлични, но, која чаша е подобра за развојот на вашето дете? Педијатрите се сложуваат со тоа дека чашите со цевче за пиење се подобри, а еве и зошто.

Движењата што се користат за пиење од сламка можат да му помогнат на вашето дете да ги зајакне мускулите на усните, образите и вилицата, што може да помогне при подобро изговарање на некои многу важни говорни звуци, како што се “ш”, “ч” и “џ”. Според педијатрите, децата треба да почнат со одвикување од шише на свои 12 месеци, а одличен избор за следен чекор после шишето се смета дека е чашата со цевче за пиење. Советуваат да започнете да му давате прво вода, а потоа кога ќе се навикне на чашата со цевче можете да започнете со млеко.

 

 

Тагови

Поврзани вести